Принцот Чарлс заразен од корона вирус


Престолонаследникот на британската круна, принцот од Велс, е тестиран позитивно на корона вирус и покажува благи симптоми „но инаку останува во добра здравствена состојба“, соопшти кралското семејство.

Портпарол на принцот Чарлс изјави дека неговата сопруга, Камила исто така била тестирана, но го нема вирусот.

Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката сега се самоизолираат дома во Шкотска.

Не е можно да се утврди од кого принцот го фатил вирусот заради големиот број на ангажмани што ги извршил во својата јавна улога во последните неколку недели.