Дозволи за движење во полициски час од денеска преку порталот uslugi.gov.mk


Министерството за информатичко општество и администрација од денеска пушти во употреба нова електронска услуга за секој граѓанин да се пријави за потребна дозвола за движење во време на забрана,  преку порталот uslugi.gov.mk, наместо како досега со праќање мејл до МИОА. Министерот Дамјан Манчевски на сесија за прашања и одговори за ограниченото движење соопшти дека треба  …

Дозволи за движење во полициски час од денеска преку порталот uslugi.gov.mk Read More »

Лицата на кои им е лошо, можат без никаква дозвола да се упатат во болница


Граѓаните кои имаат потреба од итна медицинска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции. Ова денеска го соопшти дополнителната заменичка на министерот за внатрешни работи Славјанка Петровска …

Лицата на кои им е лошо, можат без никаква дозвола да се упатат во болница Read More »

Интервју со Виктор Мизо: Не отпуштивме ниту еден од 650-те вработени, тие се наш влог за иднината


Ако одговорот  на корона кризата е стратешки и плански – помеѓу бизнис секторот, инвеститорите и државата, сметам дека има можност да излеземе посилни после кризата Мирче Јовановски Автомобилската индустрија прва ги почувствува последиците предизвикани од корона вирусот, уште кога епидемијата почна да се шири во Кина, а најверојатно ќе биде последната која ќе излезе од …

Интервју со Виктор Мизо: Не отпуштивме ниту еден од 650-те вработени, тие се наш влог за иднината Read More »

Д-р Пановски: Што ќе ни се 200 респиратори?


Што ќе ни се 200 респиратори, кои владата планира да ги набави за борба против корона вирусот, прашува професор доктор Никола Пановски, при неговото гостување во „Само вистина“. Тој смета дека на Македонија не ѝ се потребни толку респиратори, затоа што не се ни користат толку во лекувањето на заболените од Ковид 19. Едноставно, нема …

Д-р Пановски: Што ќе ни се 200 респиратори? Read More »

Црн ден за Велика Британија – починаа 938 луѓе од корона вирус


  Во Велика Британија расте бројот на починати од корона вирусот. Само во последното деноноќие забележани се 938 смртни случаи. Како што соопшти одделот за здравство и социјална грижа бројот на новозаразени е 5.492. Вкупно заразени во оваа островска земја е 60.733, од кои починаа дури 7.097.

Четиричлено семејство во САД почина од коронавирус за десет дена


 Во текот на десет дена, четири членови на едно семејство во американската сојузна држава Луизијана починаа од новиот коронавирус. Антоанет Френклин (86) од Њу Орлеанс и нејзините синови Херман Френклин Јуниор (71), Тимоти Френклин (61) и Ентони Френклин (58) биле позитивни на Ковид-19, се разболеле речиси во исто време, и починаа во периодот од 20 …

Четиричлено семејство во САД почина од коронавирус за десет дена Read More »

Жената во Хрватска поради која се затвори пошта нема корона вирус


Полицијата од Загреб извести дека жената која влегла во пошта во една загребска населба нема корона вирус и со своето однесување не го загрозила здравјето на луѓето присутни во поштата. Имено, таа носела документи кои треба да се испратат до претпријатието во кое работи нејзин сосед, кој пак има корона вирус. Таа се грижи за …

Жената во Хрватска поради која се затвори пошта нема корона вирус Read More »

Денеска во Италија починати 542 од Ковид 19


Во Италија во последните 24 часа забележани се 542 смртни случаи од Ковид 19, а вкупно починати се повеќе од 17.000 луѓе. Новозаболени има 3.836. Вкупно заболени од корона вирус во Италија до сега има 135.586 луѓе.  Оздравеа 24.392 луѓе, додека активни се уште 94.067 случаи. Денеска се забележани околу 800 случаи новозаболени повеќе од …

Денеска во Италија починати 542 од Ковид 19 Read More »

Како да се добие дозвола за движење во полициски час?


Владата  објави информација кои институции даваат дозволи во услови на ограничено движење на граѓаните на целата територија на државата и за кои категории на граѓани. Во категорија на дозволи кои ги издава МИОА се опфатени: •       Претставници на институции за кои со одлука на Кризниот штаб на Владата е утврдено дека имаат …

Како да се добие дозвола за движење во полициски час? Read More »

ЕФН бара посебни мерки за помош на медиумите во ЕУ поради кризата


Европската федерација на новинари (ЕФН) се сретна со потпретседателката на Европската Комисија (ЕК), Вера Јурова, и побара пакетите за спас од економската криза што ги подготвува ЕК да вклучуваат посебни мерки за помош за медиумскиот сектор, јави дописничката на МИА од Брисел. ЕФН ги повика сите ЕУ институции да преземат брзи и координирани мерки за …

ЕФН бара посебни мерки за помош на медиумите во ЕУ поради кризата Read More »

„ИГМ Трејд“ донираше 250 илјади евра за здравството


За да помогне во справувањето со корона вирусот во нашата држава компанијата „ИГМ Трејд“ од Кавадарци обезбеди пакет помош кој вклучува донации предвремено уплатување на данокот на добивка. Компанијата префрли 15,3 милиони денари (250.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на Министерството за здравство наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката …

„ИГМ Трејд“ донираше 250 илјади евра за здравството Read More »

Натпреварите во Германија ќе бидат без публика до крајот на 2020 година


Натпреварите во Бундеслигата, најверојатно, ќе се играат без публика, не само до крајот на оваа сезона, туку и до крајот на 2020 година. Ова го изјави во интервју за „Њујорк Тајмс“ главниот извршен директор на Лигата, Кристијан Заиферт. Шефот додава дека сите екипи од германската елита веќе тренираат и уште еднаш го потврдија планот за …

Натпреварите во Германија ќе бидат без публика до крајот на 2020 година Read More »

Трансфер за време на пандемија


Баер Леверкузен го привлече голманот на Кајзерслаутерн Ленарт Грил, соопштија „аспирините“ на нивната официјална веб-страница. Дваесет и едно-годишниот Грил, кој е младински репрезентативец на Германија, потпиша договор до летото 2024 година. Тој е на сила од летото оваа година, а износот на трансферот не е објавен. – Ова е долгорочен трансфер. Ленарт има многу потенцијал …

Трансфер за време на пандемија Read More »

(Фото галерија) Стигна авионот со помошта од Турција


Авионот со помошта во медицинска опрема од Турција стгна денес на аеродромот во Скопје. Таа содржи 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови. Помошта ја пречека министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој порача дека подавањето рака меѓу земјите дава надеж дека заедно побрзо ќе ги надминеме предизвиците. .-Епидемијата од …

(Фото галерија) Стигна авионот со помошта од Турција Read More »

По темнина, доаѓа светлина: Италијанскиот „Вог“ со празна насловница


Италија- Насловницата на априлското издание на  Vogue Italia планирано да се објави в петок, на 10 април, наместо манекенка или славна личност , ќе биде празна, во знак на жртвите од коронавирусот. „Во својата долга историја која се протега на повеќе од сто години, Вог мина низ војни, кризи, терористички акти. Нејзината најблагородна традиција е …

По темнина, доаѓа светлина: Италијанскиот „Вог“ со празна насловница Read More »

Почина притвореник во затворот во Шутка


Во истражниот затвор Шутка  починал притвореник. Се работи за маж на возраст од 46 години од Ресен. Бил во соба со уште четворица притвореници. Претходните денови не се жалел на никакви тегоби. Се претпоставува дека имал срцев удар, но официјалните информации ќе бидат соопштени по увидот и обдукцијата. Притвореникот бил во истражниот затвор во Шутка …

Почина притвореник во затворот во Шутка Read More »

Паоло Малдини веќе е излекуван од коронавирусот


Легендата на Милан и актуелен директор во клубот, Паоло Малдини веќе е целосно опоравен од коронавирусот, јавуваат италијанските медиуми. Така, поранешниот дефанзивец може да се врати на раководната функција кај „росонерите“. Пред неколку дена неговиот син Даниел Малдини, играч на тимот, потврди исто дека е и здрав, откако бил заразен заедно со неговиот татко.

Британскиот премиер е „клинички стабилен“ на Одделот за интензивна нега


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон е „клинички стабилен“ на Одделот за интензивна нега и реагира на третманот против компликациите што го следат Ковид-19, јавија денеска британските медиуми,додавајќи дека дека во моментов во британската јавност се нижат прашањата поврзани со функционирањето на британската Влада за време на неговото отсуство од функцијата додека е во полн ек кризата …

Британскиот премиер е „клинички стабилен“ на Одделот за интензивна нега Read More »

Со Уредба Владата го одложи извршувањето на казна затвор за лица осудени до три години


До 1 септември 2020 година се одложува и извршувањето на упатните акти, кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници. Одложување на извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени до три години и тоа до 1 септември 2020 година, освен …

Со Уредба Владата го одложи извршувањето на казна затвор за лица осудени до три години Read More »

Одобрени првите бескаматни кредити за поддршка на 136 мали и средни компании


Владата на денешната 38-ма седница  ја задолжи Развојната банка  да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. Според информацијата на Развојната банка, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени, и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра. …

Одобрени првите бескаматни кредити за поддршка на 136 мали и средни компании Read More »