Жената во Хрватска поради која се затвори пошта нема корона вирус


Полицијата од Загреб извести дека жената која влегла во пошта во една загребска населба нема корона вирус и со своето однесување не го загрозила здравјето на луѓето присутни во поштата.

Имено, таа носела документи кои треба да се испратат до претпријатието во кое работи нејзин сосед, кој пак има корона вирус. Таа се грижи за него и за неговото семејство, но сите се во самоизолација и не преземаат загрозувачки чекори.

Таа ги зела документите за неговото боледување пред три дена, а при предавањето на документите на службениците во поштата според насоките, кажала дека се работи за документи на заразено лице. Службеничката лошо ја разбрала, па настанало недоразбирање.