Четиричлено семејство во САД почина од коронавирус за десет дена


 Во текот на десет дена, четири членови на едно семејство во американската сојузна држава Луизијана починаа од новиот коронавирус.

Антоанет Френклин (86) од Њу Орлеанс и нејзините синови Херман Френклин Јуниор (71), Тимоти Френклин (61) и Ентони Френклин (58) биле позитивни на Ковид-19, се разболеле речиси во исто време, и починаа во периодот од 20 и 30 март, пишува весникот „Њујорк дејли њуз“. Ова што му се случии на ова семејство може на секое, напиша весникот, цитирајќи член на семејството кој рекол дека прво починала бабата, па едниот вујко, па таткото, па вториот вујко.

Во Луизијана до вчера попладне се потврдени 16.284 заразени со коронавирус и 582 смртни случаја.