„ИГМ Трејд“ донираше 250 илјади евра за здравството


За да помогне во справувањето со корона вирусот во нашата држава компанијата „ИГМ Трејд“ од Кавадарци обезбеди пакет помош кој вклучува донации предвремено уплатување на данокот на добивка.

Компанијата префрли 15,3 милиони денари (250.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на Министерството за здравство наменети за сите здравствени институции во државата кои ја водат најтешката борба во услови на глобална здравствена криза.
А и однапред изврши аконтативна уплата на данок на добивка во износ од околу 28 милиони денари (453 илјади евра) од кои 6,5 милиони денари (107 илјади евра) за 2020 година и 21 милион денари (346 илјади евра) за 2021 година за подршка за државниот буџет и зголемување на неговата ликвидност.
„ИГМ Трејд“ изврши и однапред аконтативна уплата на данок на имот во износ од осум милиони денари (130.000 евра) за Општина Кавадарци за поддршка на општинскиот буџет и зглемување на неговата ликвидност.

Компанијата истакнува дека „со овој пакет помош од вкупно 51.283.385 денари (833.876 евра) сакаме да дадеме личен пример за улогата на корпоративниот сектор во македонското општество и да ги поттикнеме сите компании во државата да дадат свој придонес во борбата со корона вирусот“.