Заев ќе размисли за пријавување на двојните државјанства на функционерите


Премиерот Зоран Заев, на прес конференцијата за отчет на Владата, остави простор да се размислува и да разгледува евентуална законска регулатива пред стапувањето на функција во Македонија секој кандидат да мора да пријави дали покрај македонското има и други државјанства. Темата стана актуелна во земјата по фалбите од Софија околу тоа колку македонски државјани аплицирале …

Заев ќе размисли за пријавување на двојните државјанства на функционерите Read More »

Заев: Обезбедивме фер избори, и покрај противењата на опозицијата


Премиерот Зоран Заев, на отчетот за стоте дена работа, се пофали дека како Влада обезбедиле избори во фер и демократска атмосфера, наспроти резервите на опозицијата, и дека тие покажале дека тоа била исправна и единствено можна одлука. „И покрај пандемијата обезбедивме слободни и фер избори и дадовме можност уште еднаш граѓаните да ни дадат доверба, …

Заев: Обезбедивме фер избори, и покрај противењата на опозицијата Read More »

Отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“


Акцијата на Општина Центар продолжува, а Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и оваа недела продолжува со активностите за  административно отстранување на нелегалните објекти. Денеска, со градежна механизација на улицата „Павел Шатев“, бр. 2 во палатата „Емануел Чучков“, се отстрануваше нелегално поставена урбана опрема, односно челична конструкција обложена со стакло, со димензии 10 х …

Отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“ Read More »

ДИЖС предложи казна во износ од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“


Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) предложи казна во износ од 20.000 евра за фабриката за хартија „Пејпер Мил“ откако резултатите од мерењата на емисиите биле над дозволените граници. Како што соопшти на денешната прес-конференција директорката на Инспекторатот Ана Петровска, во првиот вонреден надзор што го спроведе ДИЖС на 20 ноември извршени се мерења на …

ДИЖС предложи казна во износ од 20.000 евра за фабриката „Пејпер Мил“ Read More »

Шекеринска: И покрај корона вирусот, 2020 за нас беше година на НАТО


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска учествуваше на редовниот годишен видеосостанок со одбранбените аташеa акредитирани во нашата земја. На состанокот министерката Шекеринска се осврна на изминатата година и на достигнувањата во одбраната и во Армијата. -Иако 2020 беше година на коронавирусот за нас и нашата земја беше и година на НАТО. Остваривме повеќедецениска заложба да …

Шекеринска: И покрај корона вирусот, 2020 за нас беше година на НАТО Read More »

Капиталот на Развојна банка зголемен за 3 милиони евра, ќе овозможи поголема поддршка на приватниот сектор


Капиталот на Развојната банка на Северна Македонија со одлука на Владата е зголемен за 3 милиони евра. „Целта на зголемувањето на капиталот на банката е зголемување на поддршката на приватниот сектор, а особено поддршката на извозот во услови на отежнато работење на домашните компании“, соопштија од Развојната банка.  Зголемувањето на поддршката на приватниот сектор ќе …

Капиталот на Развојна банка зголемен за 3 милиони евра, ќе овозможи поголема поддршка на приватниот сектор Read More »

Германија една недела карантин ја чини 3,5 милијарди евра


Одлуката на германската Влада да воведе карантин со цел намалување на ширењето на   новиот коронавирус скапо ќе  ја чини економијата, предупредуваат експертите. – Секоја недела карантин ќе чини околу 3,5 милијарди евра од бруто домашниот производ (БДП), истакна Енцо Вебер од  нирнбершкиот Институт за пазар на трудот и вработување. Тој истакна дека карантинот има негативно …

Германија една недела карантин ја чини 3,5 милијарди евра Read More »

Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија


Премиерот Зоран Заев, давајќи отчет за стоте дена од работата на новата влада, го издвои како едно од најважните прашања изнаоѓањето решение за проблемите што ги постави Бугарија. Притоа, тој порача дека никој кај нас нема вина за оваа ситуација, но тој е уверен дека ќе се најдат решенија. -Ни оваа влада, ни нашата држава, …

Заев: Немаме вина за блокадата на Бугарија Read More »

Приведени четворица за крадење од банкомати


Во неделата, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во координација со ОВР Кичево и ЕВР Ѓорче Петров, по претходно обезбедена судска наредба, на подрачјето на општина Сарај, во с. Долно Свиларе извршени се повеќе претреси, при што се пронајдени муниција и пшредмети поврзани со извршени кривични дела. Приведени …

Приведени четворица за крадење од банкомати Read More »

Отворен нов маркет на „Тинекс“ во Аеродром


Во саботата, почна со работа новиот Супер Тинекс маркет во населбата Аеродром, кој се наоѓа во непосредна близина на Клиниката „Мачин дом“, на бул. „Јане Сандански“ бр.13. Жителите на општина Аеродром отсега ќе имаат уште еден нов, модерен и добро-снабден маркет каде ќе можат да пазарат во пријатна атмосфера и да ги купат бараните производи, …

Отворен нов маркет на „Тинекс“ во Аеродром Read More »

НУК незадоволна од препораките на Комисијата за заразни болести


Ниту едно барање од Независната угостителска комора (НУК) не е прифатено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој требаше да се дискутира и да се донесат одлуки и препораки за тоа како ќе работат угостителските објекти во наредниот период. Ова денеска на прес-конференција го соопшти Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора пред …

НУК незадоволна од препораките на Комисијата за заразни болести Read More »

Во Хрватска 65 починати од Ковид-19, 1.472 новозаразени


Во последните 24 часа забележани се 1.472 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни случаи е 22.769. Меѓу нив 2.857 пациенти се на болничко лекување, а 284 пациенти се на респиратор. Починаа 65 лица. Од почетокот на епидемијата во Хрватска се забележани 177.358 заразени со корона вируспт, а починаа 2.705. Оздравеа …

Во Хрватска 65 починати од Ковид-19, 1.472 новозаразени Read More »

25 Години од потпишувањето на Дејтонскиот договор


На денешен ден пред 25 години во Париз беше потпишан Општиот рамковен договор за мир во БиХ, попознат како Дејтонски договор, со што се стави крај на војната во Босна и Херцеговина. Договорот, кој беше постигнат на 21 ноември 1995 година, на 14 декември го потпишаа поранешните претседатели на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и …

25 Години од потпишувањето на Дејтонскиот договор Read More »

Пендаровски: За јазикот и идентитетот не може да се дискутира, нонсенс е дека нашата историја до 1945 била бугарска


Основа на нашиот идентитет е нашиот јазик, потоа историјата, нашата заедничка историја со нашите сонародници, нагласува претседателот Стево Пендаровски во интервју за ЕУобсервер и додава дека за јасикот и идентитетот не може да се дискутира. Не е тајна, посочува претседателот, дека го кодифициравме македонскиот јазик во 1945 година, но тоа е посебен јазик, многу близок до бугарскиот, …

Пендаровски: За јазикот и идентитетот не може да се дискутира, нонсенс е дека нашата историја до 1945 била бугарска Read More »

Етна еруптира, исфрла чад и лава во висина од 100 метри


Највисокиот европски вулкан Етна на Сицилија, еруптираше во текот на ноќта и исфрли пепел и лава во висина од 100 метри. Активноста на вулканот на неговиот југоисточен кратер е регистрирана во неделата во 21.20 часот, а во рок од еден час и половина, интензитетот на експлозиите се засилил од среден до многу голем, пренесува британски „Сан“. Советодавниот центар …

Етна еруптира, исфрла чад и лава во висина од 100 метри Read More »

Почна кампањата за вакцинација во САД, операцијата означена како „Денот Д“


Дистрибуцијата на вакцини во САД, кои приоритетните групи треба да ги добиваат од денеска, е предизвик со зачудувачки размери и една од најкомплицираните логистички мисии во историјата на САД, која американските власти ја споредуваат со Денот Д, како почеток на крајот на пандемијата што ја наруши економијата и секојдневниот живот, оценуваат западни медиуми. Авиони и …

Почна кампањата за вакцинација во САД, операцијата означена како „Денот Д“ Read More »

Царовска се сретна со највлијателните македонски научници на светско ниво


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имаше работен состанок со научниците кои се меѓу најцитираните и највлијателни два отсто на светско ниво, соопшти Министерството. Шест македонски научници се најдоа на листата на топ најцитирани и највлијателни научници од сите области, публикувана од Универзитетот Стенфорд oд САД за 2020 година. Станува збор за претседателот …

Царовска се сретна со највлијателните македонски научници на светско ниво Read More »

„Сета љубов“ – во МСУ ќе биде отворена изложба на дела на познати светски уметници


Од утре во 16 часот, па се до февруари следната  година, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде  отворена изложбата „Сета љубов (All the Love)“. Кураторки на  поставката се Мира Гаќина и Јованка Попова. Музејот е отворен од 10 часот за посетители секој ден, освен  понеделник, но поради специфичноста на изложените дела, кураторките сугерираат …

„Сета љубов“ – во МСУ ќе биде отворена изложба на дела на познати светски уметници Read More »

Откупот на тутунот продолжи со старите проблеми – тутунарите се жалат на нереална проценка


Во осум часот утрово продолжи откупот на тутунот. Утре се очекува да бидат отворени сите пунктови. Но, производителите веќе се жалат на одредени нерегуларности при проценката поради што е неизвесно, како што велат, дали ќе се чека на средбата со министерот до петок, како што беше договорено, или порано ќе интервенираат. -Пунтковите денеска се отворени, …

Откупот на тутунот продолжи со старите проблеми – тутунарите се жалат на нереална проценка Read More »

Француската централна банка ја намали економската прогноза, очекува пад од 9 отсто


Француската економија следната година ќе се опорави кога ќе бидат укинати ограничувањата воведени поради Ковид-19, но не така брзо како што претходно сеочекуваше, објави денеска Банката на Франција (Централна банка). – Оваа година економскиот пад ќе изнесува 9,0 отсто, откако втората најголема економија во евро зоната ќе се опорави околу пет проценти во 2021 и …

Француската централна банка ја намали економската прогноза, очекува пад од 9 отсто Read More »