Во Хрватска 65 починати од Ковид-19, 1.472 новозаразени


Во последните 24 часа забележани се 1.472 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни случаи е 22.769.

Меѓу нив 2.857 пациенти се на болничко лекување, а 284 пациенти се на респиратор.

Починаа 65 лица.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска се забележани 177.358 заразени со корона вируспт, а починаа 2.705. Оздравеа 151.884. Тестирани се вкупно 888.080 лица.