УНИЦЕФ: Со новата програма за образование за животна средина, младите стапуваат во првите редови на климатската акција


На состанокот со Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за труд и социјална политика и со Шведската амбасада во Скопје, УНИЦЕФ го најави отпочнувањето на нова програма за децата насочена кон унапредување на образованието за животната средина и климатските промени. – Оваа програма иако се однесува на важно …

УНИЦЕФ: Со новата програма за образование за животна средина, младите стапуваат во првите редови на климатската акција Read More »

Омбудсманот Мемети заминува во Советот на јавни обвинители


Иџет Мемети и Љупчо Ивановски се нови членови на Советот на јавни обвинители, откако денеска во Собранието беаизгласани со 61 глас „за“, без против и без воздржани Пратениците ја избраа и Павлина Црвенковска за член на Судски Совет. Мемети претходно 8 години беше народен правобранител.

Владата нема да се рекламира себеси, но за вакцинацијата е неопходна кампањa за подигање на јавната свест


Нема трошење на народните пари од страна на Владата за да се рекламира себеси, но  ќе има потреба да се спроведе кампања за да може да се подигне јавната свест за потребата за вакцинирање против Ковид-19, изјави денеска Марјан Забрчанец, национален координатор за стратегиски комуникации. Зборувајќи во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 Забрчанец нагласи дека …

Владата нема да се рекламира себеси, но за вакцинацијата е неопходна кампањa за подигање на јавната свест Read More »

Тутунарите на протест, откупните пунктови отворени


Тутунарите од Пелагониско денeска два часa од 10 до 12 часот го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско, на излезот од градот. Oстанувaат на барањата и велат дeкa нема да отстапат од реален откуп, укинување на четвртата класа и реална цeна за врвните берби. Бараат нивниот официјален претставник, Сојузот на земјоделските здруженија, да биде со нив и …

Тутунарите на протест, откупните пунктови отворени Read More »

Со донација реновиран одделот за предвремено родени бебиња на Детската клиника


Реновиран е одделот за предвремено родени бебиња на Универзитетската клиника за детски болести и набавена е целокупната потребна опрема и апарати. Реновирањето и набавката се извршени со средства во висина од 35 000 евра кои се донација од компанијата Макстил. По повод донацијата денеска пред клиниката се одржа прес-конференција на која министерот за здравство Венко …

Со донација реновиран одделот за предвремено родени бебиња на Детската клиника Read More »

МФ: Награда за медицинските лица, средства за вакцини и државната гарантна шема обезбедени со прераспределба во Буџетот


Средства за еднократен надомест за сите медицински лица и помошен персонал во болниците кои ги третираат заболените од Ковид, како и средства за набавка на инсулин и набавка на вакцини за Ковид се обезбедуваат со дел од средствата од пренамената во Буџетот за годинава во вкупен износ од 1,3 милијарди денари, која денеска беше одобрена …

МФ: Награда за медицинските лица, средства за вакцини и државната гарантна шема обезбедени со прераспределба во Буџетот Read More »

Во нацрт-заклучоците за проширувањето на ЕУ вметната реченицата за „погрешно толкување на историјата“


Битката околу реченицата за „погрешно толкување на историјата“ на која инсистира Бугарија во заклучоците за Северна Македонија. сепак се најде во последната нацрт верзија, но не како што барала Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Освен блокадата за усвојувањето на преговарачка рамка, Бугарија бара веќе неколку недели во крајните заклучоци за Северна Македонија да …

Во нацрт-заклучоците за проширувањето на ЕУ вметната реченицата за „погрешно толкување на историјата“ Read More »

Османи во Романија доби поддршка за евроинтеграцијата


Реафирмирање на силната романската поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, но и отворање нови коридори на економска размена и унапредување и продлабочување на билатералната соработка беа тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со неговиот романски хомолог, министерот, Богдан Ауреску во рамки на еднодневната работна посета на Романија, -Како земја …

Османи во Романија доби поддршка за евроинтеграцијата Read More »

Вакцинацијата во сите земји членки на ЕУ ќе почне на 26 декември


Ако Европска агенција за лекови (ЕМА) на 21 декември ја одобри вакцината на Фајзер, Европска комисија во рок од два дена ќе дозволи вакцината да биде на пазарот, изјави денеска портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.Тој потенцира дека ставот на ЕК е вакцинацијата да почне координирано и што е можно побрзо откако ќе се потврди ефикасноста …

Вакцинацијата во сите земји членки на ЕУ ќе почне на 26 декември Read More »

Пратениците рекоа “да“ за кризна состојба и за законот за попис


Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 25. седница денеска со 61 гласа „за“, без „против“ и без „воздржани“ ја изгласа одлуката за прогласување кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година. На седницата не присуствуваа пратениците од опозицијата кои најавија дека со блокади на работата на парламентот ќе ја уриваат Владата. Со  …

Пратениците рекоа “да“ за кризна состојба и за законот за попис Read More »

Во БиХ 902 новозаразени, починаа 51 пациент


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа, со корона вирус се заразиле нови 902 лица, а починаа 51 пациенти. Тестирани се 3.580 луѓе. Во Федерацијата направени се 2.407 тестови, од кои 577 биле позитивни на Ковид-19. Досега тестирани се вкупно 312.472 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 66.555 лица. Излечени се 47.001 пациенти, …

Во БиХ 902 новозаразени, починаа 51 пациент Read More »

Во Велика Британија за една недела против Ковид-19 се вакцинирале речиси 138.000 луѓе


 Скоро 138.000 луѓе во Велика Британија се вакцинирале против коронавирусот за една недела, соопшти денеска Владата во Лондон. Пред една недела, Велика Британија стана првата земја во светот што почна вакцинација со вакцината на Фајзер и БионТек против коронавирусот. Властите почнаа со имунизација на Британците постари од 80 години во домовите за социјална грижа и некои лекари и медицински …

Во Велика Британија за една недела против Ковид-19 се вакцинирале речиси 138.000 луѓе Read More »

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 1,5 отсто


Последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, но неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и натаму се присутни, како во глобални, така и во рамки на домашната економија, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На денешната седница на Комитетот е одлучено каматната стапка на благајничките записи да …

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 1,5 отсто Read More »

Сведоци од банка и пошта: По повеќе лица доаѓаа одеднаш со уплати за донација за политичка партија


Согласно законот пред неколку години на сметка од физичко на правно лице во кеш можело да се уплатат повеќе уплатници од едно лице, но максимум до 60 илјади денари или 1.000 евра на една уплатница. Такви уплати како донации од повеќе физички лица на име на политичка партија биле обработувани, целосно законити и согласно банкарското …

Сведоци од банка и пошта: По повеќе лица доаѓаа одеднаш со уплати за донација за политичка партија Read More »

Осум пати повеќе барања за третата линија бескаматни кредити, серверот преоптоварен


Интересот за третата линија бескаматни кредити наменети за микро и мали компании, трговци поединци и занаетчии е голем. Од Развојната банка денеска информираа дека бројот на пристигнати мејлови ги надминал нивните очекувања и оти интересот е за осум пати со посилен интензитет од Ковид 2 бескаматната кредитна линија. Како што информира директорот на Развојната банка, …

Осум пати повеќе барања за третата линија бескаматни кредити, серверот преоптоварен Read More »

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата


Совет на Амбасадори преку соопштение изразува голема загрижениост и изненадување од веста во медиумите дека мала група пратеници, како што се посочува, „борци за човекови права” во услови на тешка пандемија со коронавирусот и продлабочена економска криза приоритет на нивното пратеничко ангажирање е на промена на еден член од Законот за надворешни работи со кој …

Совет на амбасадори: Со воведување и второ државјанство за кандидатите за амбасадори се уриваваат темелите на државата Read More »

Грција забрани славење Божиќ и Нова година во хотелските ресторани


За Божиќ и Нова година, односно на 24, 25 и 31 декември и на 1 јануари 2021 година, затворени ќе бидат рестораните што функционираат во рамките на хотелите во Грција, а за гостите ќе биде достапна само услуга во соба, соопштија од Генералниот секретаријат за трговија и заштита на потрошувачи од Министерството за развој на …

Грција забрани славење Божиќ и Нова година во хотелските ресторани Read More »

Градбите ќе се категоризираат според комплексноста


Со нов закон за градење ќе се уредува категоризацијата на градбите и таа треба да биде според нивната комплексност и ќе се подобрат условите за инспекцискиот надзор со цел негово поефикасно работење. Ќе се подобри регулацијата на целиот процес во градежништвото, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Дебатата за новиот закон стартуваше …

Градбите ќе се категоризираат според комплексноста Read More »

Пендаровски: Полуписмени и шарлатани не смеат да ни решаваат за справување со Ковид-19


Претседателот Стево Пендаровски во редовното годишно обраќање пред пратениците упати силен апел празниците да ги прославиме во кругот на најблиските, бидејќи премногу луѓе изгубивме од епидемијата за да дозволиме нови човечки и семејни трагедии. Поминавме низ голгота што не паметат многу генерации зад нас, изгубивме над 2.000 граѓани, и кога издржавме цела година со мерките, …

Пендаровски: Полуписмени и шарлатани не смеат да ни решаваат за справување со Ковид-19 Read More »

Филмот „Улиште“ ќе се натпреварува за гран-при на Фестивалот „Санденс“


Долгометражниот игран филм „Улиште“ на режисерката Блерта Башоли, влезе во главната интернационална натпреварувачка програма на 38. филмски фестивал во „Санденс“. Фестивалот ќе се одржи од 28-ми јануари до 3-ти февруари следната година во Парк Ситу, Јута, во САД. Овој фестивал е во организација на „Санденс“ институтот, основан од страна на актерот Роберт Редфорд. Целта е …

Филмот „Улиште“ ќе се натпреварува за гран-при на Фестивалот „Санденс“ Read More »