Разрешени двајца судии од Охрид за несовесно работење


Двајца судии од Охрид денеска се разрешени од Судскиот совет поради тоа што несовесно и нестручно ја вршеле својата работа. Во првиот случај, судијката Весна Кичеец е оддалечена од работното место (иако таа има право на жалба) затоа што недозволено долго го одолговлекувала процесот против српскиот турист кој на првиот ден од 2016 година смртно […]

„Преспав“ најавува специјално новогодишно издание (видео)


Трета година по ред, најпопуларната ТВ серија „Преспав“ подготвува специјално новогодишно издание што се емитува на МРТ1 и ја забавува публиката во домашна атмосфера пред малите екрани, се до полноќ. Изминатите новогодишни изданија со особена популарност се прегледуваа во текот на цел празничен јануари, а на YouTube каналот бројат повеќе од 1,5 милион прегледи.   И […]

(Видео) Пресметано колкав би бил бројот на заразени доколку сите носат маски


Една нова студија тврди дека маските блокираат 99,9 проценти од големите капки: „Нема сомнение дека маските за лице можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот“. Маските за лице го намалуваат ризикот од ширење големи капки поврзани со опасноста од ширење на коронавирус кога лицето зборува или кашла за 99,9 […]

Федерер и Вилијамс на листата учесници на Австралија Опен


Австралија – Швајцарецот Роџер Федерер, чие учество на Австралија Опен сè уште не е сигурно, и Американката Серена Вилијамс, која ќе се обиде да ја освои својата 24. гренд слем титула во кариерата, се наоѓаат на листата учесници што организаторите на првиот гренд слем турнир во 2021 година го објавија денеска во Мелбурн. Австралија Опен треба […]

Шилегов: Го намаливме бројот на загадени денови


– Mногу е важно во грејните сезони кога е најголемо загадувањето да успееме да го намалуваме бројот на загадени денови, што е нешто што трета година по ред нас ни се случува. Во просек имаме помалку загадени денови, но тоа никако не значи дека не е загадено, тоа уште помалку и значи дека треба да […]

Во Германија забележан првиот случај со новиот сој корона вирус


  Германија го забележа првиот случај од новиот сој на корона вирусот откриен во Велика Британија откако патничка од Лондон била позитивна. „Тоа е првиот познат случај од овој сој во Германија“, велат од Министерството за здравство на германската покраина Баден-Виртемберг. Имено, парничката од Лондон допатувала на аеродромот во Франкфурс на 20 декември во посета […]

Џонсон: Новиот вид на корона вирус значи дека претстојат тешки времиња


Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди денеска дека појавата на новиот вид на корона вирус значи дека претстојат тешки времиња, нагласувајќи ја потребата за контрола на неговото брзо ширење. – Знам дека беше многу, многу тешко во текот на последните неколку недели и морам да им кажам на луѓето дека ќе биде тешко, особено поради брзината […]

Вистинските причини за бугарското вето


СПИРИДОН СФЕТАС Каракачанов е како грчкиот политичар Панос Каменос од партијата Независни Грци  и претставува екстремни бугарски ставови од 19. век, ја гради политичката кариера злоупотребувајќи национални прашања. Борисов, всушност, е заложник на министерот за одбрана   Ветото од Бугарија, Северна Македонија нема лесно да го заборави ветото од Бугарија. Нема да биде заборавено дека […]

Од Ковид-19 починаа уште 21 пациент, новозаразени се 592


Во последните 24 часа се направени 2.206 тестирања, а регистрирани се 592 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 259 -Куманово 31 -Дебар 7 -Штип 8 -Прилеп 30 -Тетово 18 -Струга 21 -Велес 17 -Битола 24 -Охрид 28 -Кавадарци 35 -Гостивар 21 -Гевгелија 8 -Струмица 12 -Крива Паланка 9 -Радовиш 5 -Кочани 7 -Пробиштип 1 -Демир […]

Примероци од астероидот Риугу ги надминаа очекувањата на научниците


Примероци од почвата на астероидот Риугу ги надминаа очекувањата на јапонските научници. Научниците ги опишуваат примероците како парчиња јаглен и црн песочен прав, кои биле собрани на астероидот Риугу, оддалечен околу 300 милиони километри од Земјата, од страна на јапонската вселенска сонда Хајабуса 2, кое неодамна се врати на Земјата. Примероците опишани од јапонските вселенски […]

ФФМ: Рекордна премија од 4,2 милиони евра за пласманот на ЕП


Рекордна премија од вкупно 4,2 милиони евра ќе добијат играчите и стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација за пласманот на Европското првенство (ЕП), соопшти попладнево ФФМ. За освоеното прво место во Д-групата од Лигата на нации и пласманот на завршницата на ЕП што ќе се игра идното лето, македонските репрезентативци и стручниот штаб веќе поделија награда од близу […]

Рама: По Косово, енергетски се поврзуваме и со Северна Македонија


Албанскиот премиер Еди Рама најави дека по ставањето во функција на далновод Албанија – Косово на 14-ти овој месец, следен предизвик за албанската Влада е изградбата на 400-киловолтниот далновод со Северна Македонија. Шефот на албанската Влада денеска објави дека се почнати активностите за интерконекциската линијата со Северна Македонија, додавајќи дека Албанија е во процес на […]

Маурисио Покетино доаѓа во „Пари Сен Жермен“


Аргентинскиот фудбалски стручњак, 48-годишниот Маурисио Покетино, постигна договор со раководството на „Пари Сен Жермен“ и ќе го замени Германецот Томас Тухел на клупата на францускиот шампион, објави парискиот спортски весник „Л’Екип“. Покетино е надвор од терените од ноември 2019 година, кога беше отпуштен во Тотенхем поради низата слаби резултати, откако само пет месеци порано го […]

Згаснува „Монтенегро ерлајнс“, црногорската влада најави формирање нова компанија


Црногорската влада соопшти дека нема правна основа да го продолжи животот на „Монтенегро ерлајнс“. „Не можеме да донесеме никаква законска одлука да им помогнеме на ‘Монтенегро ерлајнс’“, изјави министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ, пренесува порталот Банкар. Тоа значи приземјување на авионите што е можно поскоро, беше објавено на прес-конференцијата на Владата на Црна Гора. […]

Нема да има реконструкција на случајот „Монструм”


Реконструкција на петкратното убиство кај Смилковско Езеро нема да има. Вака денеска одлучи Кривичниот суд Скопје, кој образложи дека местото е променето. Одбраната на обвинетите истакна дека ова е седми пат што судот им го одбива овој предлог. Но, тие најавуваат дека и понатаму ќе инсистират за да се случи ова рекононструкција, многу важна за […]

Пет нови пловни објекти за Езерската полиција во Охрид


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска престојуваше во Охрид каде присуствуваше на презентација на новата опрема обезбедена за потребите на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција). Станува збор за пет пловни објекти со комплетна опрема, од кои четири патролни глисери со цврсто корито и кабини, со моќност од 200 и 160 […]

Агенција за филм: 2020 беше полна со предизвици, но и успеси


Долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“ во режија на Норика Сефакој е косовско-македонска копродукција, селектиран во програмата Tiger competition на претстојното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. Филмот кој на Ротердам ќе ја доживее својата светска премиера е финансиски поддржан од страна на Агенцијата за филм на Конкурсот за учество во финансирање на домашни и […]

Од Ковид-19 во Србија денеска починаа 49 пациенти


Според последните податоци, в Србија денеска има 4.091 новозаразени со Ковид-19, а починаа 49 пациенти. Во последните 24 часа тестирани биле 15.387 лица, а 2.203.391 од почетокот на епидемијата. Во болниците во моментот има 9.688 пациенти со корона вирус, а 312 се на респиратори. Досега од Ковид-19 починаа 2.882 пациенти во Србија, а стапката на […]

Институт за педагогија против новиот концепт за образование


Членовите на Институтот за педагогија со мнозинство гласови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за осново образование. – Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на нашата воспитно-образовна и општествена реалност и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни […]

ЕУ и Велика Британија постигнаа трговски договор


Велика Британија и Европска Унија денеска се договорија за трговскиот договор по Брегзит, јави Би-Би-Си. – Со овој договор е испорачано се што и беше ветено на британската јавност за време на референдумот во 2016 година и на општите избори минатата година. Ја вративме контролата над нашите пари, граници, закони, трговија и нашите риболовни води. […]