Германија го забележа првиот случај од новиот сој на корона вирусот откриен во Велика Британија откако патничка од Лондон била позитивна.
„Тоа е првиот познат случај од овој сој во Германија“, велат од Министерството за здравство на германската покраина Баден-Виртемберг.
Имено, парничката од Лондон допатувала на аеродромот во Франкфурс на 20 декември во посета на роднини. Веднаш по тестирањето на аеродромот таа е сместена во карантин, а ден подоцна почнала да покажува благи симптоми.
Потоа пак се тестирала, а тестот бил повторно позитивен, а примерок од тестот, пратен е во специјализирана лабораторија.
„Со понатамошни анализи е утврдено дека жената е позитивна на вирусната варијанта наречена B.1.1.7″, додаваат од министерството.
Германија во вторник ја продолжи забраната за доаѓање од Велика Британија до 6 јануари, а се поради појавата на новиот сој на вирусот за кој британските власти тврдат дека е позаразен од изворниот, пишува Баронс.
Освен во Германија, новиот сој на вирусот досега е забелажн и во Израел и во Северна Ирска.