Вонреден инспекциски надзор и во болницата во Битола


Министерот за здравство Венко Филипче побара од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола за да се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените фотографии на социјалните мрежи и во дел од медиумите на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на друг болнички кревет …

Вонреден инспекциски надзор и во болницата во Битола Read More »

Во Велика Британија 608 починати од Ковид-19, најмногу од мај


Англија – Во Велика Британија денеска се регистрирани 608 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број на починати од мај, соопштија локалните власти. Обединетото Кралство исто така денеска регистрира 11.299 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е голем пад во споредба со претходните денови, кога Британците дневно имаа просечно 25.000 пациенти, а еден ден имаа над 33.000. …

Во Велика Британија 608 починати од Ковид-19, најмногу од мај Read More »

ЕУ покрена постапка за враќање во сообраќај на авионите Боинг 737 Макс


Белгија– Европскиот регулатор почна процес на издавање лиценца за враќање во сообраќај на авионите Боинг 737 Макс, што беа приземјени пред речиси две години по две тешки авионски несреќи. Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) постави голем број услови, вклучувајќи нова програма за обука на пилоти и ажурирање на софтверот МЦАС. Авионите Боинг737 Макс …

ЕУ покрена постапка за враќање во сообраќај на авионите Боинг 737 Макс Read More »

Мухамед Зекири е новиот генерален секретар на Владата


Мухамед Зекири е избран за генерален секретар во Владата. Одлуката е донесена на последната владина седница, одржана денеска. Имено, Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката. Потпретседателот на СДСМ го менува на позицијата Драги Рашковски, откако Дамјан Манчевски ја одби понудата . Зекири во политиката е од 2016-та …

Мухамед Зекири е новиот генерален секретар на Владата Read More »

Србија со речиси 7.000 новозаразени, починаа 37 пациенти


  Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 21.476 лице, што е најмногу досега за еден ден, а 6.842 биле позитивни, додека починаа 37 пациенти со Ковид-19. Според Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор во болниците низ Србија се 225 пациенти, што е нов црн рекорд. Денеска е соборен …

Србија со речиси 7.000 новозаразени, починаа 37 пациенти Read More »

Њујорк Тајмс: Што правел Трамп од денот на претседателските избори?


САД – Весникот „Њујорк Тајмс“ објави анализа на јавните настапи на американскиот претседател Доналд Трамп откако изгуби на претседателските избори на 3 ноември. Меѓу 4 ноември и 22 ноември има 11 дена од 19 во кои Трамп немал јавни или официјални обврски. Во тој период, тој имал прес-конференција на 5 ноември, присуствувал на церемонија на гробиштата Арлингтон на Денот на ветераните, за време …

Њујорк Тајмс: Што правел Трамп од денот на претседателските избори? Read More »

Избор од делата на академик Боро Митриќески изложени во Даут-пашин амам


Националната галерија потсетува дека на денешен ден почина еден од најзначајните македонски скулптори, академик Боро Митриќески (Варош, Прилеп, 10.05.1927 – Скопје, 24.11.2018).  Скулптурите од академик Боро Митриќески се избор од делата кои и припаѓаат на колекцијата на Националната галерија, а повеќето се изложени во рамките на Постојаната поставка претставена во Даут-пашин амам. Боро Митриќески основно …

Избор од делата на академик Боро Митриќески изложени во Даут-пашин амам Read More »

Во Косово вчера регистрирани 13 починати и 609 заболени од Ковид-19


Бројот на жртви на пандемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 939 од појавата на болеста, откако минатото деноноќие починаа 13 од заразените од корона вирусот. Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, во минатите 24 часа се регистрирани 605 новозаболени, со што бројката на лица кај кои е откриен вирусот се искачи на 35.549. …

Во Косово вчера регистрирани 13 починати и 609 заболени од Ковид-19 Read More »

Груби бил во Жолтата куќа, но како вработен во Хашкиот трибунал


Вицепремиерот Артан Груби ги демантира информациите дека е повикан во судот во Хаг за случајот „Жолта куќа“, но потврдува дека  тогаш како вработен во Хашкиот трибунал бил во албанскиот град Бурел додека се водела истрагата за наводните злосторства за време на војната во Косово.. Во овој случај, наводно во куќа во Албанија, во близина на …

Груби бил во Жолтата куќа, но како вработен во Хашкиот трибунал Read More »

Еден процент од фармите обработуваат 70 проценти од светското земјоделско земјиште


Еден процент од земјоделските стопанства во светот обработуваат 70 проценти од полињата, фармите и овоштарниците, покажува извештај што го потенцира влијанието на нееднаквоста во однос на земјиштето врз климатските и природните кризи, пишува „Гардијан“. Од 80-тите години на минатиот век, истражувачите откриле дека контролата на земјиштето станала многу поконцентрирана, директно преку сопственост и индиректно преку …

Еден процент од фармите обработуваат 70 проценти од светското земјоделско земјиште Read More »

Не можело да се ангажираат резервите од ЕСМ, затоа снемувало струја, велат од МЕПСО


Прекините на напојувањето во Скопскиот регион се резултат на неможноста да се ангажираат системските резерви кои не ни беа ставени на располагање од страна на АД ЕСМ, соопшти денес МЕПСО, откако делови во главниот град на земјава останаа без струја. Од АД МЕПСО велат дека немало можност да се изврши благовремено растоварување на електропреносната мрежа …

Не можело да се ангажираат резервите од ЕСМ, затоа снемувало струја, велат од МЕПСО Read More »

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини


Комерцијална банка оваа година одлучи наместо за репрезентативен материјал по повод Новогодишните празници да одвои средства за донација на лаптопи на ученици. Со тоа, Банката, како општествено одговорна компанија, во услови на глобална пандемија го даде својот придонес и за обезбедување достапно и квалитетно образование на деца кои досега немаа таква можност.   Лекциите, наставниците …

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини Read More »

Булеварот „АСНОМ“ доби нов дрворед од 300 дрвја


Во Аеродром, на булеварот АСНОМ, се засадија 300 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување на попријатни услови за прошетки низ овој дел на Скопје. –  Со овој дрворед ги потврдуваме новите стандарди на квалитет што го …

Булеварот „АСНОМ“ доби нов дрворед од 300 дрвја Read More »

Се опремува објектот што „Аџибадем Систина“ го отстапи за хоспитализација на пациенти со Ковид-19


Во тек е медицинско опремување на објектот (на поранешната гинеколошка болница „Мала Богородица“, сегашен хотел „Ибис Стајлс“), што Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го отстапи за хоспитализација на пациенти со Ковид-19. Се подготвува и техничката документација за станица за кислород што ќе биде поставена надвор од објектот со цел опслужување со кислород на пациентите кои ќе …

Се опремува објектот што „Аџибадем Систина“ го отстапи за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 Read More »

Маричиќ: Ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници


Министерството за правда веќе почна постапка за изготвување на нов Кривичен законик, во кој ќе бидат вметнати кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници. Ова денеска го истакна министерот за правда, Бојан Маричиќ во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение …

Маричиќ: Ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници Read More »

Возилата со странски таблички ќе се регистрираат со 50 отсто намалени давачки


Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави …

Возилата со странски таблички ќе се регистрираат со 50 отсто намалени давачки Read More »

Трампизмот на Мицкоски: „Ги разбирам Бугарите, Македонија е изолирана“


Лидерот на опозицијата за Сител рече оти „апсолутно“ ги разбира Бугарите дека ги штитат своите интереси. Потоа погрешно наведуваше дека германскиот министер Михаил Рот рекол оти ЕУ мора да ги заштити бугарските интереси. Рот, всушност рече, дека од сите 27 членки на ЕУ само Бугарија била против усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија   Дали …

Трампизмот на Мицкоски: „Ги разбирам Бугарите, Македонија е изолирана“ Read More »

Во Африка повеќе од два милиона луѓе заразени со Ковид-19


Во африканските држави во изминатите 24 часа регистрирани се 9.448 потврдени случаи со новиот корона вирус, а вкупниот број се искачи над два милиона, соопшти денеска Регионалната канцеларија на Светска здравствена организација за Африка. Во Африка вкупно со Ковид-19 инфицирани се 2.079.911 лица. Во изминатото деноноќие регистрирани се 272 смртни случаи, со што вкупниот број …

Во Африка повеќе од два милиона луѓе заразени со Ковид-19 Read More »

Во прилепската болница има 30-ина слободни кревети и доволно персонал, стигнуваат волонтери матични лекари


Со новиот ковид-оддел на гинеколошкото одделение, прилепската болница  се вбројува во врвот на општите болници во државава со најмногу слободни места за хоспитализација на пациентите со Ковид-19. Хоспитализирани се 110 пациенти, за жал постојано пристигнуват нови, но располага со 30 слободни кревети и пациентитте се примаат без особени ограничувања. Како што објаснува инфектологот Мирјана Крстеска, раководител …

Во прилепската болница има 30-ина слободни кревети и доволно персонал, стигнуваат волонтери матични лекари Read More »

Почна изградбата на модуларната болница во Битола. Таму ќе има нов рендген апарат, зашто тој во болницата е стар 43 години


БИТОЛА – На рендген апарат стар 43 години се снимаат заболените од корона вирусот во Ковид центарот во Битола сместен во објектот на Инфективното одделение во болницата. Од вчера започна изградбата на нова модуларна болница на локација зад објектот на Инфективното одделение, која ќе биде со капацитет од 90 до 120 легла. Модуларниот објект ќе …

Почна изградбата на модуларната болница во Битола. Таму ќе има нов рендген апарат, зашто тој во болницата е стар 43 години Read More »