Србија со речиси 7.000 новозаразени, починаа 37 пациенти


 

Во последните 24 часа во Србија на корона вирус тестирани се 21.476 лице, што е најмногу досега за еден ден, а 6.842 биле позитивни, додека починаа 37 пациенти со Ковид-19.

Според Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор во болниците низ Србија се 225 пациенти, што е нов црн рекорд.

Денеска е соборен и рекордот во новозаболени во еден ден, а последен пат најмногу новозаразени имало на 20 ноември, 6.254.

Загрижува и што за еден ден се хоспитализирани дури 729 лица, со што во болница во моментов се 6.478 пациенти, што е повторно рекорд.

За утре е закажана итна седница на Кризниот штаб за борба против корона вирусот.