Њујорк Тајмс: Што правел Трамп од денот на претседателските избори?


САД – Весникот „Њујорк Тајмс“ објави анализа на јавните настапи на американскиот претседател Доналд Трамп откако изгуби на претседателските избори на 3 ноември.

Меѓу 4 ноември и 22 ноември има 11 дена од 19 во кои Трамп немал јавни или официјални обврски.

Во тој период, тој имал прес-конференција на 5 ноември, присуствувал на церемонија на гробиштата Арлингтон на Денот на ветераните, за време на брифинг во Белата куќа откри детали за операцијата „Warp Speed“ во борбата против коронавирусот и коментираше за цените на лековите.

Американскиот лидер исто така учествувал на виртуелен состанок со азиските лидери, кратко се приклучи на виртуелниот самит Г20 и двапати ручаше со Мајк Пенс.

Трамп во тој период шест пати играл голф.

Весникот ги анализира и пораките на милијардерот на Твитер. Во последните три недели, шефот на американската држава имал 550 објави, од кои околу три четвртини биле обид за поткопување на резултатите од претседателските избори.