Во САД во последните 24 часа се заразиле повеќе од 80.000 лица, најмногу до сега


Рекорден број од повеќе од 80.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во САД во последните 24 часа. Универзитетот „Џон Хопкинс“ соопшти дека се потврдени 80.005 нови случаи во најзагрозената земја во светот. Претходниот рекорд беше на 16 јули, кога за еден ден беа потврдени 77.362 нови случаи. Црниот биланс доаѓа во време кога расте […]

Протести во Полска поради строгите мерки за коронавирус


Десетици илјади луѓе синоќа се собраа на улиците во Полска да протестираат против строгите мерки наметнати поради пандемијата на коронавирусот. Протестите се случија еден ден по демонстрациите околу одлуката на Уставниот суд за речиси целосна забрана за абортус. Во Полска стапија на сила нови ограничувања за борба против пандемијата, вклучително и затворање ресторани и кафулиња […]

Интензивирање на комуникацијата за надминување на недоразбирањата со Софија


Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран Заев, кој наскоро заминува за Софија на средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, вчера по повод 23 Октомври – Денот […]

Ќе се надмине ли проблемот со термини за тестирање? Филипче вели „да“


Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани 200.000 заразени за еден ден. Освен во Бугарија, рекорден број се пријавени во Франција, Италија, Австрија, Хрватска, Словенија и Босна […]

Ребалансот на Буџетот на завршна проверка, со него почнува четвртиот пакет мерки


Во Собранието заврши амандманската расправа за ребалансот на Буџетот и од понеделник се очекува тој да се најде на дневен ред на собраниска седница. Со вториот по ред ребаланс на Буџетот за годинава практично треба да започне и имплементацијата на четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и стопанството за излез од кризата предизвикана од Ковид […]

Последната дебата меѓу Трамп и Бајден ја следеле 63 милиони луѓе


Околу 63 милиони луѓе ја следеле дебатата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во четвртокот вечерта, објави Си-Ен-Ен. Првично беше објавено дека 55,2 милиони луѓе ја следеле дебатата, но во тој број не биле вклучени гледачите на кабелската мрежа. За време на настанот во четвртокот, Бајден ги продолжи нападите врз […]

Почнува зимското сметање на времето


Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час поназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот. Освен кај нас, зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Зимското сметање […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура биде во интервал од 0 до 8, а максималната од 20 до 26 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со зголемена облачност. Минималната температура ќе […]

Во Франција над милион заразени од Ковид-19, за 24 часа речиси 300 смртни случаи


Во последните 24 часа во Франција починаа 298 лица од Ковид-19, а притоа се откриени нови рекордни 42.032 случаи на заразени, јави дописникот на МИА од Париз. Епидемијата на коронавирус синоќа во Франција го надмина прагот од еден милион случаи откриени од почетокот на епидемијата, крајот на јануари 2020 година. Оттогаш, според здравствените податоци на […]

На економијата во еврозоната ѝ се заканува рецесија со двојно дно


Економската активност во еврозоната повторно забележа пад овој месец, откако вториот бран на корона вирусот го зафати целиот континент, зголемувајќи ги очекувањата за таканаречена рецесија со двојно дно, односно двојна рецесија, покажаа истражувањата во петокот. Обновените ограничувања со цел да се стави под контрола пандемијата принудија многу деловни субјекти во доминантната услужна индустрија да ги […]

Откриено првото гнездо на „стршлени убијци“ во САД


Државните ентомолози во Вашингтон оваа недела го открија првото гнездо на џиновски азиски стршлени, соопштија официјалните лица „Стршлените убијци“ за прв пат беа забележани во државата кон крајот на минатата година, а ентомолозите оттогаш беа во состојба на готовност за масивните инсекти, кои можат да уништат популации на пчели. По неколку недели пребарување, ентомолозите на […]

Повеќе од 50 милиони Американци веќе гласаа, се очекува најголема излезност од 1908


Повеќе од 25 милиони Американци гласаа преку пошта и лично во текот на првата недела од раното гласање до саботата, бројка која е поголема од двојно за една недела. Доколку темпото се задржи, од одѕивот на изборите во 2020 година може да го урне рекордот на излезност стар еден век од 1908 година, кога гласаа […]

Викендов лабораториите за тестирање ќе работат со полн капацитет, вели Филипче


Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини, информираше вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил. -Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на […]

Подобро е решението да го најде заедничката комисија со Бугарија, отколку политичарите, смета министерот Османи


Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да одржи средба и пред декември, со што ќе компензираат тоа што во текот на изборите го изгубија како момент и од пандемијата, информираше вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ Канал 5. Тој рече дека и претходно и […]

Бугарија и САД потпишаа документи од областа на 5Г мрежите и нуклеарната енергија


Бугарија и САД, во присуство на бугарскиот премиер Бојко Борисов и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој се вклучи преку видеоконференциска врска, денеска потпишаа клучни документи од областа на безбедноста на 5Г мрежите и нуклеарната енергија за граѓански цели, јави БГНЕС. Помпео ја истакна „одличната работа направена во рамките на подготовките за изградба на мрежите […]

Албанскиот принц Лека Втори доби ќерка, ќе се вика по прабабата Џералдин


Албанија– Кралското семејство на Албанија слави за новата принова. Престолонаследникот, принцот Лека Втори и принцезата Елија го дочекаа своето прво дете, девојче. Тие ја именуваа својата ќерка Џералдин – значајна почит кон прабабата на таткото на бебето, кралицата Џералдин. (Всушност, кралското бебе е родено во болницата „Кралицата Џералдин“ во Тирана!) Кралицата Џералдин почина на 22 […]

Александрова: ВМРО-ДМПНЕ заслужува храбар лидер, а не фејсбук патриот


Емилија Александрова го прокоментира протестот на ВМРО-ДПМНЕ денес и говорот на Христијан Мицковски, порачувајќи дека на партијата и треба храбар лидер. а не фејсбук патриот, како што го опиша актуелниот. -На денешниот ден кога македонскиот народ ја слави револуционерната борба, борба за независна, суверена, самостојна и интегрирана држава, Христијан Мицкоски, така наречен даскалот, повторно го […]

Македонија ќе праќа хируршки тим во мисијата на НАТО во Авганистан


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на вториот работен состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО чиј фокус беа мировните мисии и операции и имплементацијата на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации – Жени, мир и безбедност. – Во дискусијата за мировните мисии и операции во Авганистан, Ирак и на Косово, министерката Шекеринска […]

Дер Лајен: За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што повеќе


 Европската комисија издвои 100 милиони евра за купување од 15 до 22 милиони брзи тестови за Ковид-19. Парите се издвоени од Европскиот инструмент за итна поддршка и треба да ги покријат тековните потреби на ЕУ, посочува Брисел.  – За да го запреме вирусот, треба да се тестираме што е можно повеќе. Брзото тестирање, со брзи резултати, […]

Нови 518 случаи на Ковид-19, починати се 9 лица


Во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на Ковид-19 во: – Скопје 261 – Куманово 13 – Штип 19 – Прилеп 21 – Тетово 30 – Струга 5 – Велес 13 – Битола 21 – Охрид 15 – Кавадарци 11 – Гостивар 10 – Гевгелија 11 – Струмица […]