Бектеши: Ќе се зголемат ингеренциите на Пазарната инспекција


Мерките за угосителските објекти донесени вчера, се предлог на Комисијата за заразни болести и ние во целост ќе ги почитуваме. Но, тука сме да разговараме и да им излеземе во пресрет на угостителите ако имаат тешкотии. Зголемување на ингеренциите на Државниот пазарен инспекторат предложив јас лично кога имавме вонредна ситуација, тоа веќе се разгледува во […]

Студентите почнаа да се вселуваат во домовите


  Државниот студентски дом „Скопје“ објави распоред за вселување во домовите „Стив Наумов“ (зграда и бараки), „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Гоце Делчев“. Тие отвораат денеска согласно со одлуката на Владата и по препорака на Комисијата за заразни болести да примаат со преполовен капацитет и со строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19. С огласно со […]

Црна Гора во крајно сериозна состојба со Ковид-19


Помошник-министерот за здравство, Миро Кнежевиќ, предупреди дека епидемиолошката состојба во Црна Гора е крајно сериозна, поради што сè уште се во сила новите мерки, пишува Вијести.ме. „За седум до десет дена треба да ги видиме ефектите од мерките, под услов дека сме ги почитувале мерките“, рече Кнежевиќ и додаде дека сè зависи од самите граѓани. […]

Ирците планираат воведување четиринеделен карантин


  Највисоките ирски здравствени функционери препорачаа до владата да воведе втор национален карантин во земјата во траење од четири недели, за што владата треба да расправа во понеделник, велат два владини извори. Посебен ирски тим од Заводот за јавно здравство препорачува ограничувањата поврзани до Ковид-19 да се подигнат на 5-то ниво од сегашното второ, во […]

Град Скопје присилно наплатува фирмарина


Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004….23/2016 ), во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година. Сите даночни и таксени […]

Нивото на Преспанското Езеро за 33 сантиметри под минимумот


Нивото на Преспанското Езеро го има надминато апсолутно измерениот минимум за 33 сантиметри, покажа контролата што ја направи екипа на хидролози од Управата за хидрометеоролошки работи. Во денешниот извештај од УХРМ, се наведува дека при извршената контрола, нивото на езерото било на кота од 842.42 мнм. Според денешните мерења, намален водостој е забележан и кај […]

Трамп лут на шефот на кабинет на Белата куќа поради изјава за неговата здравствена состојба


Американскиот претседател, Доналд Трамп, му бил многу лут на шефот на кабинет на Белата куќа, Марк Медоуз, затоа што ги демантирал тврдењата на медицинскиот тим на Белата куќа за неговата здравствена состојба. Си-Ен-Ен дозна дека Медоус од два извора е опишан како „доверливиот анонимен извор во Белата куќа“, кој, во неформален разговор со новинарите, изразил […]

Клинт Иствуд и на 90 години ќе режира и глуми во “Cry Macho” на „Ворнер Брос“


САД- Клинт Иствуд (90) го најде својот следен филм: Тој ќе режира, ќе продуцира и ќе глуми во Cry Macho” “ за „Ворнер Брос“. Ричард Неш го напиша сценариото заедно со Ник Шенк. Врз основа на истоимената книга од Неш, филмот ќе го толкува Иствуд како одгледувач на коњи и родео ѕвезда кој се вработил […]

Финска студија: Луѓето поради пандемијата имаат кошмари


Корона вирусот на луѓето буквално им стана ноќна мора, покажа финска студија за сон во која учествувале стотина волонтери. Тие ги прераскажале своите соништа на научниците од хелсиншкиот универзитет што ги имале во текот на карантинот воведен поради пандемијата во првиот дел од годината. Соништа за изгубени пасоши, затворени граници, за многу луѓе во мали […]

Бугарија на тапет во ЕП


Eвропскиот парламент, според Дојче Веле,  денеска ќе расправа за „значителното влошување на владеењето на правото, демократијата и основните права, вклучително за независноста на судството, поделбата на власта, борбата против корупцијата и слободата на медиумите“ во Бугарија. Резолуцијата за ова прашање ќе се гласа во четврток, на 8-ми октомври, откако минатата недела беше одобрена од Комитетот […]

Филмскиот моќник Вајнстин се соочува со уште шест тужби за сексуален напад, го чека доживотен затвор


САД- Филмскиот магнат Харви Вајнстин, кој издржува 23-годишна затворска казна за силување, се соочува со шест нови обвиненија за сексуален напад извршени во Лос Анџелес помеѓу 2004 и 2010 година. Новите обвиненија го товарат за три силувања и три присилни сексуални односи за кои обвинението се тврди дека се случиле во Беверли Хилс со разлика […]

Угостителска комора: Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите


Независната угостителска комора реагираше на најновите мерки за оваа дејност порачувајќи дека многу  побезболно, подобро и поквалитетно решение  ќе беше Владата, наместо да удоволи на Комисијата за заразни болести, да излезе во пресрет на барањата на директорот Стојко Пауновски да се зголемат ингеренциите.   -Што правиме ако бројките на заболени и понатаму растат? Која ќе […]

Меѓународно поддржан проект за Ковид-19 на Клиниката за хематологија


Проект на Клиниката за хематологија-Скопје предводен од проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис е одобрен да биде финасиран во следните две години од Меѓународниот центар за генетски инженеринг и биотехнологија (ICGEB) во Трст, Италија. Избран е во конкуренција од 38 меѓународни поднесоци на научно-истражувачки проекти во областа на Ковид-19. Клиниката соопшти дека се работи за заеднички проект […]

Нови 138 случаи со Ковид-19 во Хрватска


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани нови 138 случаи на заразени со корона вирус, а активни се 1.466. Во истиот период починаа двајца пациенти. Меѓу нив 326 пациенти се на болничко лекување, од кои 24 на респиратор. Од почетокот на пандемијата во Хрватска забележани се 17.797 заразени, а починаа 300. Оздравеа 16.031 […]

Угледниот славист  Максим Каранфиловски објави две книги од својата област


Во издание на „Бата прес“ се објавени две книги од угледниот славист и лингвист, универзитетскиот професор Максим Каранфиловски. Станува збор за делата „Македонистика и славистика“ и „Полско-македонски разговорник“. Објавувањето на делата е со поддршка на Министерството за култура. Во предговорот за „Полско-македонскиот разговорник“, авторот Каранфиловски, меѓу другото пишува дека „современиот живот и современите начини на […]

Границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија да се поминуваат без ПЦР-тест


Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, без ПЦР-тестирање, информира Министерството за здравство. Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на внесени случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Предлог-одлуката […]

Отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тест, предлага Комисијата за заразни болести


Комисијата за заразни болести утрово донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање, информира Министерството за здравство. Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со Ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на […]

Урсула фон дер Лајен во самоизолација


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е  во самоизолација откако неодамна имала контакт со лице заразено со Ковид-19, напиша денеска самата на Твитер, пренесе ДПА. „Ме известија дека на состанокот на кој учествував минатиот вторник присуствувало и лице кое од вчера е позитивно на Ковид-19“, напиша таа. Фон дер Лајен напиша и дека […]

Случајот со Трамп покажува дека политичарите мора да бидат сериозни со пандемијата


Политичарите мора посериозно да ја сфатат пандемијата на Ковид-19 и да престанат да ги намалуваат нејзините здравствени ризици, порача германскиот министер за економија, Питер Алтмајер, откако американскиот претседател, Доналд Трамп,пред неколку дена се зарази со коронавирусот. Британските медиуми потсетуваат дека американскиот претседател поголемиот дел од годината го мина во минимизирање на ризиците од пандемијата на […]

Градоначалникот на Њујорк најави враќање на построги епидемиолошки мерки


Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави можност за враќање на построги епидемиолошки мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, како на пример затворање на училишта, ресторани и продавници, кои не се најнеопходни во девет квартови на Бруклин и Квинс, каде бројот на новозаразени од Ковид-19 е во голем пораст. – Предлагам од 7 октомври […]