Бејрут: Најдени уште 140 контејнери со експлозив на пристаништето


  Посади од инжињери и одржување на либанската војска пронашле уште 143 контејнери со експлозивни материјали кога го расчистувале земјиштето по експлозијата од почетокот на август во Бејрут, каде загинаа близу 200 луѓе. – Пронајдени се вкупно 143 контејнери со експлозивни супстанци – рече Роџер Кури, шеф на инжењерските трупи на војската. Командантот исто така, […]

Спасовски најави реконструкција на објекти на МВР


Реформските процеси во рамките на МВР што беа прекинати изминатите девет месеци поради техничката влада и изборниот процес мора да продолжат, во насока на јакнење на структурите на полицијата преку подобрување на условите за работа, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Секако тоа зависи од можностите на државата, но капиталните инвестиции мора да […]

Пак расте бројот на хоспитализираните од корона вирусот


Бројките на новите инфекции тврдоглаво никако да се намалат. Денеска има 140 нови заразени и четворица починати, но она што можеби треба да ги загрижи здравствените власти е дека по одредена стабилизиација и паѓање под 300 бројката на хоспитализираните пак почна да расте. Според податоците на Министерството за здравство вчера имаше 329 хоспитализирани, а денеска […]

Србија со нови 72 случаи на зараза


Во последните 24 часа во Србија тестирани се 6.068 лица за корона вирус, а само 72 биле позитивни на вирусот. Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, на респиратор во болниците низ земјата се 29 пациенти, четири помалку од вчера. Во истиот период почина едно лице. Вчера во Србија имаше 92 новозаболени, […]

Самоопределување: Хоти ја поништи границата меѓу Косово и Србија


Шефот на пратеничката група на косовското опозициско движење Самоопределување (ВВ), Реџеп Селими изјави дека со потпишувањето на последниот договор со Србија во Вашингтон, премиерот Авдулах Хоти ја поништил границата меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Селими, со договорот за економска стабилизација, што го потпиша со српскиот пртседател Александар Вучиќ, во […]

На Филипини рекордна смртност од Ковид-19


Министерството за здравство на Филипините денеска соопшти дека во последните 24 часа е забележан рекорден број смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, дури 186, а тоа е и најголем дневен број на смртни случаи досега во земјите од Југоисточна Азија. Вкупниот број на смртни случаи кај ковид-пациенти на Филипините е 4.292, а бројот на потврдени […]

Сто и педесет лица уапсени на демонстрациите на жолтите елеци во Париз


До 13 часот во Париз на демонстрациите на жолтите елеци беа уапсени 154 лица, а на 54 им беа изречени мерки притвор, јави дописникот на МИА. За првата мобилизација по долга пауза, неколку стотици жолти елеци беа собрани од изутринава на различни места во Париз и особено на Плас де ла Бурс. Поворката продолжи кон […]

ММФ: Србија би можела да остане без 140.000 работни места


ММФ предвидува дека повеќе од 140.000 работни места може да бидат затворени во Србија, а стопанствениците ја повикуваат државата да помогне со нов пакет мерки што би вклучил укинување на одредени парафискални давачки за компаниите. „Одење по тенка жица“ и никогаш поголеми ризици глобалната економија да падне во рецесија со каква светот до сега се […]

Принцезата Леонор во карантин, соученик бил позитивен на Ковид-19


Шпанија- Принцезата Леонор, наследничката на шпанскиот престол, замина во карантин откако соученик од нејзиното училиште беше позитивен на Ковид-19, соопшти кралсјата палата. 14-годишната ќерка на кралот Фелипе ќе биде тестирана за коронавирус како и другите ученици од нејзиниот клас во училиштето „Санта Марија де лос Росалес“ во Мадрид. Кралот и кралицата Летиција ќе продолжат со […]

Нови 140 случаи со Ковид-19, починати се четворица


Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 43 -Куманово 10 -Дебар 3 -Штип 4 -Прилеп 9 -Тетово 12 -Струга 7 -Велес 2 -Битола 3 -Охрид 1 -Кавадарци 3 -Гостивар 9 -Гевгелија 2 -Струмица 11 -Крива Паланка 1 -Радовиш 2 -Кочани 5 -Македонски Брод 1 […]

Бугарска спирала кон дното


ЉУПЧО ПОПОВСКИ                                                                                          (Колумна за Дојче веле) Оценката на Андреј Ковачев дека […]

Ѓорчепетровци не даваат да се гради 17-катница


Стотина жители на општината Ѓорче Петров денеска излегоа на протест против изградбата на седумнаесеткатница во местото Јурија. Според нив тука треба да никне бетонски ѕид од 58 метри во кој ќе се населат 3000 нови жители. Тие ја блокираа главната сообраќајница во општината улицата Ѓорче Петров точно напладне со барање да се ревидира детелниот урбанистички […]

МБА: Граѓаните да не се вознемируваат од неточни тврдења, банките се стабилни и сигурни


Граѓаните да не се вознемируваат од изјави и објави на неточни и непроверени информации за банкарскиот систем, туку да го следат официјалниот извор на информирање – Народната банка согласно која банките се стабилни и сигурни, реагира денес Македонската банкарска асоцијација. „По пласираните неточни и општествено неодговорни тврдења од некои субјекти во текот на изминатите денови, […]

Словенија има 105 новозаразени од корона вирус


Во Словенија беа потврдени 105 новозаразени со корона вирус во последните 24 часа од 3.191 тестирани, три помалку од претходниот ден, кога беа регистрирани рекорден број дневни случаи од почетокот на епидемијата, објави словенечката влада во саботата. Така, вкупниот број на потврдени заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 3.603, активните случаи се 769. […]

Егзекутиран иранскиот шампион во борење Навид Афкари


  Иранскиот шампион во борење Навид Афкари е погубен откако беше осуден за прободување до смрт на чувар за време на антивладините протести во 2018 година, соопштија во саботата државните медиуми. Афкари беше погубен „утрово откако беа спроведени правни постапки на инсистирање на родителите и семејството на жртвата“, рече за медиумите шефот на одделот за […]

Вработената во градинката во Свети Николе позитивна на корона вирусот


 Вработената во светиниколската детска градинка „Рахилка Гонева“, Клон 1 е позитивна на Ковид-19, покажаа и официјалните резултатите од тестирањето. Поради тоа што имала симптоми на корона вирусот, во средата вратите на овој објект не беа отворени за 110 деца. Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА појасни дека вработената е од техничкиот персонал која […]

Тројца Хрвати фатени со тон кокаин на Канарските Острови


Во операција со кодно име „Фалкуса“, ​​иницирана од хрватската полиција, на Канарските острови е запленет речиси еден тон кокаин, чија улична вредност се проценува на повеќе од 40 милиони евра, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, пренесува Индекс. Полицијата соопшти дека собрала првични информации за трансатлантски шверц на големи количества кокаин во кој, како […]

Во Босна и Херцеговина нови 304 заразени – епидемијата никако да стивне


  Босна и Херцеговина повторно денеска пријави повеќе од 300 новозаболени. Влупно заразени со Ковид-19 се 304 лица, од кои 246 во Федерацијата од 1.228 тестирани, а во репсублика Српска има 58 новозаразени. Во Федерацијата Ковид-19 е потврден кај вкупно 14.648 лица, од кои 10.474 оздравеле, а пријавен е еден смртен случај денеска. Вкупно од […]

По три дена работа на градинките, две вработени позитивни на Ковид-19


Од почетокот на отворањето на градинките во земјава пријавени се два случаја на вработени позитивни на Ковид-19. Во едниот се работи за вработена во градинката  „Мајски цвет“ – Битола  – објект „Коца Василевска“, а во другиот за вработена во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. -Во првиот случај, се работи за објект „Коца Василевска“ при […]

Регионалната депонија на југоистокот се „гради“ една и пол деценија


Иницијативата за изградба на регионална депонија, во која ќе се депонира отпадот од десетте општини од Југоисточниот плански регион, за нешто помалку од три години ќе го одбележи своето полнолетство. Во овој период помпезно се најавуваше изградбата на депонијата, но концептот пропадна. – На местото на досегашната депонија ќе се изгради нова со капацитет од […]