Бејрут: Најдени уште 140 контејнери со експлозив на пристаништето

 

Посади од инжињери и одржување на либанската војска пронашле уште 143 контејнери со експлозивни материјали кога го расчистувале земјиштето по експлозијата од почетокот на август во Бејрут, каде загинаа близу 200 луѓе.

– Пронајдени се вкупно 143 контејнери со експлозивни супстанци – рече Роџер Кури, шеф на инжењерските трупи на војската.

Командантот исто така, соопшти дека најдени се повеќе од четири тони амониум нитрат, кои биле откриени на влезот во пристаништето на почетокот на септември, кои се превезни на депонија и уништетни.

Истовремено, друг надлежен од либанската војска, вели дека работните бригади кои делувале на местото на експлозијата однеле 15.000 тони ѓубре кое останало по експлозијата.

– Вкупно извезени се 15.000 тони ѓубре, разместени се 20.000 тони стока во магацини. Исчистени се милион квадратни метри на подрачјето на пристаништето, покрај улиците, болницата, училишта и универзитетот – рече Јусуф Хаидар, командант на полкот за тешки работи.

Според него, ремонтните екипи делумно успеале да воведат ред во пристаништето 48 часа по експлозијата/

На 4 август, експлодираа блису 3.000 тони неправилно складиран амониум нитрат, при што загинаа најмалку 190 луѓе, а илјадници беа повредени. Експлозијата предизвика ударен бран кој уништи најмалку половина град, како и силоси во кои се чува поголема залиха на пченица во Либан.