Ѓорчепетровци не даваат да се гради 17-катница

Стотина жители на општината Ѓорче Петров денеска излегоа на протест против изградбата на седумнаесеткатница во местото Јурија. Според нив тука треба да никне бетонски ѕид од 58 метри во кој ќе се населат 3000 нови жители.

Тие ја блокираа главната сообраќајница во општината улицата Ѓорче Петров точно напладне со барање да се ревидира детелниот урбанистички план СЗ24 Јурија Дексион, односно намалување на висината и габаритот на планираните згради.

Велат дека се незадоволни зашто одговорните во општоината две недели не им одговориле на нивните барања. Граѓаните јавно го прашаа градоначалникот на општината александар Наумовски дали и кога ги консултирал граѓаните за промена на ДУП-от.