Принцезата Леонор во карантин, соученик бил позитивен на Ковид-19


Шпанија- Принцезата Леонор, наследничката на шпанскиот престол, замина во карантин откако соученик од нејзиното училиште беше позитивен на Ковид-19, соопшти кралсјата палата.

14-годишната ќерка на кралот Фелипе ќе биде тестирана за коронавирус како и другите ученици од нејзиниот клас во училиштето „Санта Марија де лос Росалес“ во Мадрид.

Кралот и кралицата Летиција ќе продолжат со своите кралски должности во моментот, изјави портпаролот , додека Шпанија се бори да контролира бран на случаи на коронавирус.

Осум милиони шпански деца се вратија на училиште минатата недела, но некои се затворени  откако учениците биле позитивни на Кoвид-19, додека властите во Галиција го одложиле почетокот на училишната година за една недела за ученици на возраст од 14 до 18 години.

Шпанија вчера пријави 4.708 нови инфекции со коронавирус, со што вкупниот вкупен збир достигна 566.326, што е најголем во западна Европа, бидејќи вкупниот број на жртви од Ковид-19 се искачи на 29.747.