Струјата ќе поевтини ако енергетските компании достават такво барање


Нашите одлуки за цената на електрична енергија може да се променат доколку енергетските компании достават барање до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) со нови податоци. Досега компаниите немаат доставено никакви податоци, а доколку достават подготвени сме во рок од 24 часа да ги промениме нашите одлуки, потврди денеска претседателот на РКЕ Марко […]

Османи: Контактите со Бугарија ќе се интензивираат


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, порача дека во наредниот период македонската влада ќе ги интензивира контактите со Бугарија за да се изнајде решение за несогласувањата и да се избегне било каква блокада на преговорите за членство во ЕУ. Османи потсети дека Бугарија одигра важна улога во деблокирањето на ЕУ перспективите за целиот регион, тој […]

Секој месец по десетина случаи на семејно насилство, извршители најчесто мажите


Во текот на оваа година, заклучно со 21-септември се регистрирани вкупно 98 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои 61 дело со нанесување телесни повреди, додека  во 37 била загрозена сигурноста на жртвите, бележи одделот за анализа при СВР Тетово. Од  жртвите 72 се женски лица, 30 жртви се машки лица, четворица се […]

СДСМ го прашува ВМРО-ДПМНЕ каде се „компјутерите за секое дете“ место да критикуваат за онлајн наставата


СДСМ се брани од нападите на ВМРО-ДПМНЕ околу почетокот на онлајн наставата во училиштата и прашува каде се компјутерите за секое дете, за кое нивната влада потроши десетици милиони евра, бидејќи се виде дека тие не завршиле во училиштата. -Онлајн платформата се уште е во тест фаза, ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо друго освен за […]

Бислимоски: Снабдувачите подготвени за грејната сезона, радијаторите ќе греат од 6 часот


БЕГ, ЕСМ Енергетика и Скопје Север ги имаат направено сите неопходни подготовки за старт на грејната сезона и се целосно подготвени и не очекуваат никакви проблеми. Поради инвестиции во дистрибутивната мрежа на БЕГ и оптимизирање на нивните капацитети за производство на топлинска енергија, потрошувачите топлинската енергија ќе ја добиваат околу 6:00 часот, особено во Аеродром, […]

Фатиме Фетаи: Обвинителка или модна икона


Обвинителката Фатиме Фетаи ги менува фризурите и стилот на облекување, ама останува доследна на театралноста, црвениот кармин, црвениот лак на долгите нокти и драматично нашминканите зелени очи. Како моќна фигура на судењата кои ја потресуваат и предизвикуваат внимание во македонската јавност, ја дозира и моќноста на облеката. Еднаш избира строги т.н. машки костуми во темни […]

Пандемијата го зголеми германискиот јавен долг на рекордни 2,1 билиони евра


Јавниот долг на Германија оваа година поради пандемијата на коронавирусот достигна рекордни 2,1 билион евра, објави Државниот завод за статистика. – Вкупниот јавен долг на државата, покраините и општините е зголемен во споредба со крајот на минатата година за 11 отсто, па кон крајот на јуни изнесувал 2,1 билион евра, се наведува во соопштението на […]

Индустриското производство во август пониско за 9,1 отсто од истиот месец лани


Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, намалување од 13,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во август 2020 […]

Битиќи: Во последниот квартал следи закрепнување на економијата


Проекциите кои ги имаме до крајот на годината се дека во последниот квартал  следи закрепнување кое доколку успешно го премостиме можеме да влеземе во пост ковид периодот со добра основа за развој и стабилизирање, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Осврнувајќи се на најновите статистички податоци за индустриското произвдоство оцени дека движењето на […]

Шилегов: Град Скопје продолжува со отстранувањето на дивоградбите од Скопје 2014


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за отстранување на дивоградбите што се под нејзина надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014. -Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден […]

Приведен маж од Гостиварско што треба да лежи во затвор шест години


Денеска, полициски службеници од Одделението за крим полиција го приведоа С.А. (34) од с.Ломница. Тој со наредба од Основниот суд Гостивар се барал за издржување на казна затвор во траење од шест години, а во врска со чл,123 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.  

Распишан тендерот за изградба на брана на реката Отиња


Министерството за транспорт и врски распиша јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на брана на реката Отиња. Како што соопшти денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, проценетата инвестициска вредност за изградба е 460 милиони денари или 7,5 милиони евра. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, […]

Ситуацијата во Босна и Херцеговина не се смирува: 225 новозаразени 14 починаа


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 255 случаи на заразени со корона вирус и 14 починати. Во Заводот за јавно здравје на Федерацијата пријавени се 1.750 примероци, од кои 155 биле позитивни. Досега се се тестирани вкупно 156.112 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 17.646 лица. Што се однесува на Република […]

Евроамбасадорот Гир : Се надевам на скорешно одржување на првата меѓувладина конференција, билатералните договори да се применуваат во добра атмосфера


Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, кое што е негово прво по преземањето […]

ОЈО: Отфрлени четири кривични пријави во врска со работењето на ТЕ-ТО


Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава поднесена од Топлификација АД Скопје против четири физички лица (претседател на Управен одбор, нотар, извршител и адвокат) за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и против две правни лица (од Скопје и од […]

Поддршката за исплата на платите ќе зависи од падот на приходите на компаниите


Поддршката за исплата на плати, една од мерките во четвртиот пакет мерки, ќе се врши скалесто, во зависност од тоа колку компаниите ги чувствуваат последиците од корона кризата. Односно, оние кои имаат поголем пад на приходите ќе добијат поголема поддршка, рече денес вицепремиерот Фатмир Битиќи, на заедничката прес конференција со министерката за труд и социјална […]

Стоилковски го нарече „лична злоба“ фотографирањето на Јанкуловска во затвор


  Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, околу  фотографирањето на екс министерката Гордана Јанкуловска во затвор рече дека  е „хранење на личната злоба на мафијата со затворање на неправедно осудени лица“. -Со вчерашното снимање на Јанкуловска во затвор повредени се и основните човекови права согласно уставот и конвенциите за човекови права Согласно членот 25 од уставот […]

Никогаш да не јадете лимон ако ве боли грлото или ореви ако ве мачи стомак! Ова се здрави намирници кои можат да ви направат хаос во организмот


Ова е храна што не треба да ја јадете ако кашлате, имате главоболка или имате болка во стомакот! Советот на нутриционисти налага да јадеме пет порции овошје и зеленчук на ден, но има храна што може да ги продолжи симптомите на болеста кога нашето тело е истоштено и ослабено! Сите не реагираме исто на одредена […]

„Бојкотирам“ ќе ја одбележи двогодишнината од референдумот за името


Националниот блок „Македонија – Бојкотира“, во кој своевремено се здружија 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство кои водеа кампања за бојкот на референдумот, утре, среда, 30 септември, ја одбележува двегодишнината од, според нив, големата референдумска победа.Одбележувањето ќе биде во паркот спроти Собранието. -Под мотото „Не се откажуваме […]

Македонски Телеком ќе користи обновливи извори на енергија за своите дата центри


Македонски Телеком постави сопствен систем за производство на енергија од сончево зрачење на најголемиот дата центар во Скопје. Системот се состои од 148 соларни панели и инвертор на површина од 300 метри квадратни  на покривот на ТК објектот во центарот  на Скопје и годишно ќе произведува повеќе од 80 илјади kWh зелена електрична енергија за […]