Стоилковски го нарече „лична злоба“ фотографирањето на Јанкуловска во затвор

 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, околу  фотографирањето на екс министерката Гордана Јанкуловска во затвор рече дека  е „хранење на личната злоба на мафијата со затворање на неправедно осудени лица“.

-Со вчерашното снимање на Јанкуловска во затвор повредени се и основните човекови права согласно уставот и конвенциите за човекови права Согласно членот 25 од уставот ќе прочитам на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватност на неговиот личен и семеен живот на достоинство и угледот. Повреден е и членот и 152 од кривичниот законик со тоа што неовластено се направени видео снимки од службени лица кои биле во затворот што предвидува и казна затвор до 3 години. Оттука го повикуваме народниот правобранител да не молчи и да отвори случај за повредување на човекови права а го повикуваме и јавното обвинителство да отвори случај против службениот кој што ја направи таа фотографија и таа снимка. Мафијата на власт почитувани го спроведува најголемиот криминал во историјата на Македонија, а штитејќи го својот криминал врши политички прогон против политички неистомисленици.

За именувањето на Добрила Кацарска за судијка на Уставниот суд Стоилковски рече дека е сосема  јасна нејзината наводна заслуга да биде дел од ова тело.

-Уставобранителите се во затвор а криминалците се на слобода. Кацарска судеше и пресуди драконски казни за случајот „Тенк “ , „27 април “ потоа за процеси од СЈО, а беше дел и од судскиот совет што го очисти Зоран Заев во предметот „Поткуп“ . Кацарска ја осуди Гордана Јанкуловска за мерцедесот во кој што се вози Заев а го осуди и Митко Чавков значи двајца министри за внатрешни работи од претходната влада. Сега мандатот во уставен треба да и е награда за испорачаното за потребите на мафијата. После овој предлог за Добрила Кацарска да биде дел и да има мандат во уставниот суд никој во оваа држава од власта нема право да убедува дека владата планира борба со корупција и владеење на правото, рече Стоилковски.