„Бојкотирам“ ќе ја одбележи двогодишнината од референдумот за името


Националниот блок „Македонија – Бојкотира“, во кој своевремено се здружија 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство кои водеа кампања за бојкот на референдумот, утре, среда, 30 септември, ја одбележува двегодишнината од, според нив, големата референдумска победа.Одбележувањето ќе биде во паркот спроти Собранието.

-Под мотото „Не се откажуваме – битката за Македонија продолжува“  на видео бим ќе биде презентиран документарен филм за големата референдумска победа.На 30 септември 2018 година поголем дел од македонскиот народ и државјаните на Република Македонија и покажаа на власта што мисли за предавничкиот и капитулантски договор со Грција. Но, власта ја погази референдумската волја на народот и насилно ја внесе државата во НАТО, стои во соопштението на „Бојкотирам“.

Според нив, 30 септември 2018 година има свое формално – правно значење доколку било која идна власт поведе постапката за поништување на договорот со Грција кој е спротивен на меѓународното право и со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ