За неносење маски казнети 679 лица


Регистрирани се 679 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице. Министерството за внатрешни работи  и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Хуманитарна акција „Донирај го својот труд – вложи го во детска насмевка“


Компанијата „Royal Tree“ Ве поканува да земете учество во хуманитарната акција „Донирај го својот труд – вложи го во детска насмевка“ која е наменета за подобрување на условите за лекување и медицински третман на предвремено родените деца од Одделот за неонатологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.  Тргнувајќи од тоа дека секој од нас може […]

Основачот на „Лидл“ е најбогатиот Германец


Основачот на познатиот ланец супермаркети „Лидл“, Дитер Шварц е најбогатиот Германец. Ранг-листата на дневниот весник „Билд“ покажува дека овој 80-годишен основач на „Лидл“ и ланецот „Кауфланд“ има имот вреден 41,8 милијарди евра. На второ место е семејството Рајман, кое е сопственик на компаниите „Јакобс“ и „Коти“ со проценет имот вреден 21,45 милијарди евра, а на […]

Австрија купува 18 италијански хеликоптери


Австриското Министерство за одбрана донесе одлука да набави 18 хеликоптери од Италија за потребите на армијата, пренесуваат локалните медиуми. Станува збор за хеликоптерите „ AW169M“, што ќе ги заменат застарените авиони во австриската армија „Алует III“. Италијанскиот производител успеа да се наметне против двата поевтини модели „Бел“ од САД и „Ербас“ од Германија. Станува збор […]

Во Хрватска 70 новозаразени, петмина починаа


  Во последните 24 часа во хрватска се регистрирани нови 70 заразени со корона вирус, а починаа петмина. Тестирани биле 3.268 лица. Активни се 2.002 случаи. Меѓу нив 297 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 24 пациенти.

Нови три титули за модното студио „Црнокрак“ на Лице на Балканот 2020


Изборот се одржа во Хармонија Евент Центарот во Белград, со учество на 20 девојки од Балканот. Три девојки од Црнокрак освоија титули. Кристина Димитријевска е избрана за Прво лице на Балканот 2020, Ивана Маневска е Најшармантното лице на Балканот 2020, и Михаела Тошинова е Најфотогенично лице на Балканот 2020. Во склоп на програмата се одржа […]

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас – приоритет директна поддршка за најпогодените сектори


Сојузот на стопански комори на Македонија, минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои и имплементира во соодветна временска рамка. Економските мерки доставени од Сојузот се базирани на реалните потреби на стопанството кое се соочува со голем број предизвици од кои најголем е нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди итна финансиска […]

„Ербас“: Авионот на водород во употреба до 2035 година


Развојот на авиони на водороден погон е „стратешки приоритет“ на мултинационалната европска компанија „Ербас“, која објави три концепти, од кои едниот ќе стане авион и ќе влезе во сообраќај во 2035 година, пренесуваат француските медиуми. Извршниот директор на „Ербас“, Гијом Фаури, во интервју за „Паризиен“ изјави дека „развојот на авиони без јаглерод не бара некој […]

Уапсена жената која му испрати отров во писмо на Трамп


Американската полиција уапси жена осомничена за испраќање на писмото до Белата куќа со смртоносниот отров рицин, соопштија властите. Според извештаите во медиумите, жената била уапсена кога се обидела да премине во Канада на граничен премин во сојузната држава Њујорк. Канцеларијата на ФБИ во Вашингтон соопшти дека „е уапсено лице кое наводно е одговорно за испраќање […]

Шест лица повредени, од кои едно потешко, при судир на три возила во Тетово


Вкупно шест лица се повредени, од кои едно девојче потешко, во сообраќајна незгода на три возила што се случи вчера околу 19 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Во сообраќајката учествувале „опел корса“ управуван од Б.С (21) од Ново Село, потоа „фолксваген голф“ што го возел Н.Н(59) од Палатица и „бмв“ управувано од М.Д (38) […]

Ковид-19 сепак не успеа да го намали загревањето на светот


  Ограничувањата воведени за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, како затворање земји и социјална дистанца, не го намалија загревањето на светот. Имајќи предвид дека луѓето ширум светот останаа дома за да се спречи ширењето на корона вирус, емисијата на стаклечнички гасови од енергетската и транспортната индустрија падна на рекордно ниско ниво, што можеби даде […]

Ѓоковиќ го помина Надал по бројот на финалиња на Мастерс турнирите


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ќе игра во финалето на „Интернационали БНЛ д’Италија“. За првиот светски рекет ова финале е 52-ро во неговата кариера на Мастерс турнирите. Во оваастатистичка категорија Ѓоковиќ изби на првото место поминувајќи го Шпанецот Рафаел Надал кој остана на 51.финале. Трет е Роџер Федерер со 50 финалиња. Доколку Ѓоковиќ го добие […]

Лабораторијата на Тесла во САД ќе стане музеј


Варденклиф, единствената преостаната лабораторија на Никола Тесла, што се наоѓа на Лонг Ајленд (САД), е на чекор до нејзино претворање во Музеј Тесла, изјави директорот на лабораторијата, Марк Алеси. Оџакот од црвена тула, тежок повеќе од два тона, пред 112 години бил дизајниран од архитектот Стенфорд Вајт. Тој периодов беше обновен и реставриран. – Реконструкцијата […]

Лејкерс со кош во последната секунда до втора победа против Денвер


Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа Денвер со 105:103 во финалето од плејофот на Западната конференција. Победничкиот удар во последната секунда го погоди Ентони Дејвис. Клубот од Лос Анџелес води со 2-0 во серијата прв до четири победи. Дејвис беше најефикасен во победничкиот состав со 31 поен. Леброн Џејмс постигна 26. Никола Јокиќ кај […]

Откријте ја новата „цевитана“ со вкус на лимон и ѓумбир


Светот на вкусови на „Витаминка“ е збогатен со уште еден нов производ. Новата „цевитана“ експлодира со цитрусен вкус кој е зачинет со ѓумбир, влевајќи свежина која ни е потребна секој ден. Покрај тоа што содржи 30% помалку шеќер и 9 витамини, „цевитана“ со вкус на лимон и ѓумбир е полна со витамини и диететски влакна, […]

МЗ: Постигнат значителен напредок во дијагностицирањето на деменциите


По повод одбележувањето на 21 септември – Светскиот ден посветен на Алцхајмеровата болест, Министерството за здравство денеска информира дека во изминатите три години во нашата земја е постигнат значителен напредок во дијагностицирањето на деменциите.​ ​ За таа цел дизајниран е посебен протокол, кој опфаќа проширени невропсихолошки тестови, лабораториски анализи за исклучување реверзибилни деменции, imaging-методи и најважно, […]

Приведен таткото што нападна доктор на токсикологија


Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија. Министерството за внатрешни работи го приведе  С.И. (32) откако вчера попладне го нападнал дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.С.И. вчера на Клиниката за токсикологија бил со неговото малолетно дете и откако дежурниот лекар му рекол дека […]

Во Иран почна третиот бран од коронавирусот, ќе се вратат ли рестрикциите?


На територијата на иранската провинција Техеран е регистриран третиот бран од болеста Ковид-19, која се предизвикува од инфекција со корона вирус, изјави шефот на иранскиот Кризен штаб, Алиреза Зали, повикувајќи ги властите повторно да ги воведат рестриктивните мерки. -Во писмо до министерот за здравство побаравме повторно воведување на ограничувањата заради борбата со вирусот. Ова особено […]

Берн: Протести пред банка поради климатски промени


Меѓу 300 и 400 активисти се собраа денеска на плоштадот во Берн во близина на Швајцарската национална банка, со цел да нагласат дека банките, вклучително и оваа, не прават ништо во врска со климатските промени. Портпаролката на протестот рече дека групата ќе постави камп покрај Парламентот на Швајцарија за да ги потенцира барањата за намалување на емисиите на штетни гасови на […]

Рекорден минус во грчкиот туризам поради коронавирусот


Грција бележи драстичен пад на бројот на туристи. Летово ја посетија само 4 милиони. За споредба, во минатата година беа речиси 30 милиони. Сега сите се надеваат дека барем есента ќе биде подобра.      Во воздухот се чувствува мирис на октопод на скара и свежо маслиново масло. Во кафеаната на пристаништето во сликовитиот стар град […]