За неносење маски казнети 679 лица


Регистрирани се 679 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи  и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.