Приведен таткото што нападна доктор на токсикологија

Фото: Б. Грданоски

Приведено е лицето кое вчера попладне нападна доктор на Клиниката за токсикологија.

Министерството за внатрешни работи го приведе  С.И. (32) откако вчера попладне го нападнал дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.С.И. вчера на Клиниката за токсикологија бил со неговото малолетно дете и откако дежурниот лекар му рекол дека детето треба да се однесе на педијатрија, таткото го нападнал лекарот кој завршил со расекотини и хематом. Потоа беше пуштен на домашно лекување.

Министерот за здравство, Венко Филипче синоќа за случајот реагираше на фејсбук.

„Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат“, напиша Филипче.