Нови три титули за модното студио „Црнокрак“ на Лице на Балканот 2020


Изборот се одржа во Хармонија Евент Центарот во Белград, со учество на 20 девојки од Балканот.

Три девојки од Црнокрак освоија титули.

Кристина Димитријевска е избрана за Прво лице на Балканот 2020, Ивана Маневска е Најшармантното лице на Балканот 2020, и Михаела Тошинова е Најфотогенично лице на Балканот 2020.

Во склоп на програмата се одржа и модна ревија на познатиот белградски моден креатор Саша Милојковиќ, чии модели освен професионални манекенки носеа и учесничките на изборот.