Лејкерс со кош во последната секунда до втора победа против Денвер


Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го совладаа Денвер со 105:103 во финалето од плејофот на Западната конференција. Победничкиот удар во последната секунда го погоди Ентони Дејвис.

Клубот од Лос Анџелес води со 2-0 во серијата прв до четири победи.

Дејвис беше најефикасен во победничкиот состав со 31 поен. Леброн Џејмс постигна 26.

Никола Јокиќ кај Денвер даде 30 поени.