Ковид-19 сепак не успеа да го намали загревањето на светот

 

Ограничувањата воведени за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, како затворање земји и социјална дистанца, не го намалија загревањето на светот.

Имајќи предвид дека луѓето ширум светот останаа дома за да се спречи ширењето на корона вирус, емисијата на стаклечнички гасови од енергетската и транспортната индустрија падна на рекордно ниско ниво, што можеби даде некое лажно чувство дека најголемите причинители на климатските промени се ублажени, но тоа не се случаи, пишува Си-ен-ен.

За тоа сведочи минатонеделното сознание за одвојување масивни санти со мраз на Антарктикот и на Гренланд до што доаѓа поради се повисоките температури на половите, а тоа го забрзува порастот на нивото на морето.

Во меѓувреме, разорни пожари поттикнати од жешки силни ветеришта, како и запалливи услови изгореа милиони хектари ширум западот на САД, покренаа масовна евакуација, однесоа десетици животи и предизвикаа замаглување кое се прошири ширум земјата, дури до Европа.

Исто така, на Атлантикот е забележана една од најактивните сезони на урагани, поттикната од високите температури на површината на морето, а како што пишува Си-ен-ен, ураганот Сали, кој минатата недела стигна до втора категорија, беше само еден од петте тропски циклони на Атлантикот, што е феноен што досега се случил само еднаш, и тоа пред 50 години.

„климатските промени не престануваат поради заклучувањето дома. Екстремното време на кое сведочиме е во согласност со она што можевме да го очекуваме поради климатските промени“, рече за Си-ен-ен Илан Келман, професор за ризик, отпорност и глобално здравје на Универзитетскиот колеџ во лондон.

Научниците се сложуваат дека климатските промени ги зголемуваат просечните температури, менувајќи ги климатските услови ширум светот, температурата, влагата и врнежите, што носи промени во временските обрасци кои ги доживуваат и луѓето.

Како што се наведува, освен воздухот се загреале и светските океани, а жештините поттикнуваат урагани кои стануваат се појаки и поинтензивни.

Се додава дека климатските промени низ кои денеска поминуваме, за што сведочат екстремните временски услови како пожари на американскиот западен брег, се резултат на нашата кумулативна емисија од почетокот на индустриската револуција, односно дури и кога би ја намалувале емисијата на јаглерод диоксид, како што се случи за време на пандемијата. сѐ додека во атмосферата испуштаме стакленички гасови, планетата же продолжи да се загрева.