Во Србија формирана Обединета опозиција


Како што најавија пред шест дена членките на коалицијата Сојуз за Србија (СзС), кои кои ги бојкотираа парламентарните избори, од денеска своето заедничко опозициско дејствување го продолжуваат преку Обединетата опозиција на Србија. Одлуката за формирање на Обединетата опозиција денеска ја потпишаа 12 политички субјекти, меѓу кои се Демократска партија (ДС) на Зоран Лутовац, Партијата за […]

Македонските екипи во Лига Европа ги добија противниците во квалификациите


Македонските екипи кои ќе настапат во квалификациите за фудбалската Лига на Европа, попладнево ги дознаа противниците за 1. коло. На денешната ждрепка во Нион, Шкендија и Шкупи, исто како и Силекс кој игра во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе се сретнат со екипи од Азербејџан, додека Ренова доби ривал од Ерменија. Двојки: Шкендија – Сумгајт Шкупи – Нефчи Ренова – Алашкерт. […]

Турканици и редици во Белград за ПЦР тестови за Ковид-19


Во Белград и денеска има непрегледни редови и турканици на граѓани кои чекаат за ПЦР тестирање пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, најупорните граѓани пристигнуваат да ги заземат своите места уште во четири часот и 30 минути, за да бидат меѓу првите во осум часот, кога […]

Писмото на Џафери никому не му треба


Пратил писмо или не екс-спикерот Талат Џафери, роковите за формирање влада си течат. Ова е став на политичките аналитичари, според кои дури и да не го поддржуваат тоа процедурите, веќе имало политички преседани што го востановиле во практиката начинот на формирање влада без избран прв парламентарец и без писмено известување дека е конституирано Собранието до […]

Учебната година во Австрија најверојатно ќе почне нормално и без маски


Новата учебна година во Австрија, според идејата на министерот за образование Хајнц Фасман, ќе почне нормално и без маски за време на настава. Министерот ќе го претстави својот конечен план за новата учебна година кон средината на овој месец. Според локалните медиуми, јасно е дека Фасман сака нормален почеток на учебната година во септември. За […]

Иван Огњановски, кој има трансплантирано срце: Повторно ќе го живеам животот со полни гради


Педесет и четиригодишниот Иван Огњановски на кого на 23 мај на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија му беше трансплантирано срце денеска беше на контролен преглед во таа јавна здравствена установа. – Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот […]

Туристичките работници не отстапуваат од ултиматумот за превозот и платите


Ослободување на превозот од досегашниот протокол од 50 на 100 проценти капацитет и субвеционирање на плати е ултиматумот кој го поставија туристичките агенции до 15 август. Туристичките работници бараат Владата и Комисијата за заразни болести итно да го променат овој проткол за автобусите, бидејќи, како што посочуваат во соопштението, во ниту една земја во светот […]

Утре ќе се расчистува мостот во населбата Превалец кој по невремето е затрупан со гранки и друг смет


Мостот во Населбата Превалец, на регионалниот пат Велес-Чашка кој по саботното невреме од порои на дожд е затрупан со гранки и друг смет, поради неможноста да се вклучи механизација од утре ќе се расчистува рачно за што денеска се подготвува теренот, изјави за МИА директорот на ЈКП „Дервен“ Тони Јовиќ. Тој информира дека екипи на ЈКП […]

Шефот на Комисијата за распределбата на ЕУ помошта не завршил ни средно


  Како ќе бидат употребени и потрошени милијардите кои Италија ги доби од Европската унија за опоравување по пандемијата од корона вирусот, ќе надгледува комија на чие чело е парламентарец кој не завршил ни средно училиште, а од работно искуство има 10 години пракса во продавница за животни. Серџо Батели, член на партијата Движење пет […]

Цените на бензините и дизелот остануваат исти, поскапе мазутот


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука цените на бензините, дизелот и екстралесното масло да останат исти согласно одлуката од 4.8.2020 година, додека зголемување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 1,611 отсто. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за […]

Ели Сааб и Зухаир Мурад: Светските дизајнери од Бејрут ја проценуваат штетата и сонот за Париз


Англија – Модната заедница во Бејрут ја разгледува најновата трагедија на земјата со поглед кон пистите на Париз и помагајќи еден на друг –  да се вратат на работа што е можно побрзо. Во амбиент кога по експлозијата загинаа најмалку 158 лица, стотици илјади се повредени или бездомници, дизајнерите на високата мода се обидуваат да […]

Кинески бизнисмен порачал медицинска маска со брилијанти од 1.5 милиони долари


Израел– Израелски дизајнери работат на изработка на најскапата медицинска маска во светот. Цената, како што се предвидува, ќе изнесува скоро 1,5 милиони долари. – Маската се состои од 18-каратно бело злато, а ќе биде украсена со 3.600 бели и црни брилијанти. По желба на клиентот, може да бидат додадени филтри Н-99, изјави дизајнерот Исак Леви, на компанијата […]

Фискалната амнестија носи девизи во Албанија – цариниците одзеле непријавени 1,1 милион евра


Албанските царинарници во изминатиот период од годинава спречиле обид за нелегално внесување на 1,1 милион евра. Само во месец јули и првите денови од август биле одземени 345.000 евра, фунти и швајцарски франци, додека во првите шест месеци над 800.000 евра. Само во еден случај одзмени се пола милион евра од лице кое пристигнало од […]

Шон Конери крунисан за најдобар Џејмс Бонд на сите времиња


САД- Шон Конери е крунисан за најдобар Џејмс Бонд на сите времиња во новата анкета на  Радио Тајмс. 14.000 обожаватели учествуваа во изборот кој актер најдобро го прикажал најдобриот агент на британската тајна служба на Иан Флеминг. Користејќи систем на рунди, Конери го нокаутираше Даниел Крег – честопати наведен како меѓу најдобрите што ја одиграа […]

(Видео) Повторно тензии во Будва: Приватното обезбедување не дозволило советници да влезат во зградата на општината


На влезот во општинската зграда во Будва утрово имало судири меѓу приватното обезбедување и советниците и функционерите на Демократска Црна Гора и Демократскиот фронт. Како што јавија српските медиуми, приватното обезбедување не му дозволило најстариот советник Гојко Лијешевиќ (75) да влезе во зградата на Општината, по што се обиделе да го урнат кордонот. На приватното обезбедување им помогнале припадници на полициската единица за […]

Кулио: „Опасни мисли“ со Мишел Фајфер е големо клише


САД – Оваа година навршуваат 25 години од филмскиот хит „Опасни мисли“ (Dangerous Minds) со Мишел Фајфер во главната улога, но и од песната „Gangsta paradise“ којашто произлезе од филмот и се претвори во своевиден рап-евергрин. Раперот Кулио (57) поради таа песна доби бројни награди и милиони обожаватели низ цел свет. Но, од денешно гледиште, тој смета […]

Алтернативно поврзување на Гевгелија со граничниот премин Богородица


Покрај меѓународната автопатна делница, која до сега беше единствената врска на градот, Гевгелија ќе добие дополнителна, алтернативна сообраќајна врска со граничниот премин Богородица преку стариот автопат којшто беше затворен, одлучија гевгелиските советници. -Со оваа одлука создаваме улови за ревитализација на стариот автопат  којшто не беше во функција. Патот ќе се поврзе со сообраќајната клучка кај […]

Париз е празен: „Благослов“ за туристите, пропаст за угостителите


Франција – Париз денес е празен како никогаш претходно. Кој ќе го посети сега, не мора да чека во бескрајни редици пред главните атракции. Тоа е „благослов“ за туристите, но пропаст за хотелиерите и угостителите. Главниот град на Франција е еден од најпосетуваните градови во светот. Секое дете ја знае Ајфеловата кула… Но, поради кризата со […]

Нухиу ги промовираше двојазичните натписи на полициските униформи


Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите со кои полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и албански јазик. Потпишувањето на овие акти доаѓа две недели откако Нухиу ја презема функцијата министер од неговиот претходник, Наќе Чулев. Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и […]

Нафтата поскапе по прогнозите на С. Арабија за побарувачката во Азија


Цените на нафтата денеска зајакнаа, поддржани од саудискиот оптимизам за зголемената побарувачка во Азија и ветувањето на Ирак дека дополнително ќе ги намали испораките, но неизвесноста околу мерките за поддршка на економското закрепнување на САД ги ограничи профитите. Цената на фјучерсите на северноморската нафта порасна за 34 центи, или 0,8 проценти, на 44,74 долари за […]