Македонските екипи во Лига Европа ги добија противниците во квалификациите


Македонските екипи кои ќе настапат во квалификациите за фудбалската Лига на Европа, попладнево ги дознаа противниците за 1. коло.

На денешната ждрепка во Нион, Шкендија и Шкупи, исто како и Силекс кој игра во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе се сретнат со екипи од Азербејџан, додека Ренова доби ривал од Ерменија.

Двојки:

Шкендија – Сумгајт

Шкупи – Нефчи

Ренова – Алашкерт.

Трите македонски екипи ќе ја имаат улогата на гостин, а дуелите ќе се играат или на теренот на противникот или на неутрален терен.

Сите натпревари ќе се играат на 27 август.