Шефот на Комисијата за распределбата на ЕУ помошта не завршил ни средно


 

Како ќе бидат употребени и потрошени милијардите кои Италија ги доби од Европската унија за опоравување по пандемијата од корона вирусот, ќе надгледува комија на чие чело е парламентарец кој не завршил ни средно училиште, а од работно искуство има 10 години пракса во продавница за животни.

Серџо Батели, член на партијата Движење пет ѕвезди по реизборот на чело на Комисијата за европски фондови, „стана вирален“, а по вестте за негово реименување не стивнуваат полемиките, навредите, коментарите и бесот на оние кои „покрај дипломите и докторатите“ завршија без работа или беа принудени „лебот да го вадат“ надвор од Италија, пишува Танјуг.

Батели, кој е во центарот на полемиките на сите медиуми, и на социјалните мрежи, одговори, како што пренесува onlKoriere, дека добил многу писма на поддршка, па на обожувателите им праќа вирални прегратки: „Мојот сите е да гледам и да одам напред затоа што во прашање е најголемата криза по Втората светска војна и иднината на земјите членки на ЕУ“, порача Батели.

Парламентарецот кој го напуштил средното училиште пред за го заврши не е ислкучок во италијанската полтика. Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо, исто така е без диплома, и не зборува ни еден странски јазик, а пред како член на Пет ѕвезди да стане политичар, работел како аниматор во туристички места.

Министерот за здравство Роберто Сперанца дипломирал политички науки, шефот на партијата Лига Матео Салвини исто така не отишол подалеку од средно училиште.

Овој тренд на „антиполитичари“, како што го нарекуваат новинарите, за политичари кои влегле во политика без образование и искустви, се прошири и се воведе за време на Владата на Силвио Берлускони, кој услугите или вниманието ги доби благодарение на политичките позиции.

Еклатантен пример е Никол Минети, некогашната забна хигиеничарка и поранешна парламентарка која со партијата на Берлускони заврши во локалната влада. Според италијанскиот закон, политичарите по само еден мандат од четири години имаат право на парламентарна пензија од 1.300 евра.

Веројатно најпознат прмер за италијански „антиполитичар“ е Илоне Стралер, позната како Чичолина, некогашна порно ѕвезда која беше член на италијанскиот парламент од 1985 до 1992 година.

Во јавноста се појави на почетокот на оваа година да се жали затоа што парламентарниот додаток ѝ е намален од 3.000 на 1.000 евра во согласност со ревизијата на примањата на неогашните членови на италијанскиот парламент.