Внимателно возете во Дебарско поради одрони и влажни коловози


Обилниот дожд, на моменти проследен со град, кој претпладнево го зафати дебарскиот регион не предизвика поголеми проблеми, потврдуваат надлежните. Според нив, освен мали оштетувања на земјоделските култури, поради дождот присутна е појавата на помали одрони од камен на патните правци кон Маврово и кон Струга. Поради одроните и влажните коловози од дебарската секцијата на „Македонија […]

УНИЦЕФ: Бебeтo треба да се дои и кога мајката е позитивна на Ковид-19


„Поддршка на доењето за поздрава планета“ е годинешното мото на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1 до 7 август. Неделата на доење, годинава, се одбележува под посебни околности, во знак на глобалната пандемија со Ковид-19. Од Комитетот за доење посочуваат дека согласно препораките на СЗО и УНИЦЕФ, мајките треба да ги […]

Овошјето и зеленчукот е најдобро да се јадат свежи


САД – Некои намирници e најдобро да се консумираат сирови, свежи, зашто при обработката и готвењето може да изгубат од својствата корисни за нашето здравје. – Вареното цвекло губи 25 отсто од своите фолати (вид на  витаминот Б-9), како и многу други витамини и минерали, истакна болничарката од Њујорк, д-р Ребека Парк, која е авторка на […]

Најниската цена и понатаму критериум за најповолна понуда, за фирмите тоа е и најчест проблем


Најниската цена како критериум во јавните набавки и понатаму е проблем за фирмите кои учествуаат, а 48 отсто од нив сметаат дека има корупција во набавките. Ова го покажува најновиот извештај Центарот за граѓански комуникации спроведениот мониторинг на јавните набавки за периодот јули-декември 2019 година ,направен врз основа на резултатите од анкетата на фирмите за […]

ВМРО-ДПМНЕ: Однесувањето на Заев кон новинарите е недемократско


ВМРО-ДПМНЕ реагира и остро го осудува, според нив, бруталното и недемократско постапување на Зоран Заев кон новинарите и медиумите, редејќи етикети, навредувајќи ги, пресметувајќи се. -Ваквото однесување на Зоран Заев преставува примитивизам кој станува одлика на хибридниот режим во кој тој ја втурна државата. Станавме земја во која Зоран Заев определува кои биле објективни медиуми […]

Халкбанк ќе дава ваучери од 500 денари за плаќање кај угостители – клиенти на банката


Преку кампањата „На наша сметка“ ќе се издвојат 25.000 евра за поддршка на 133 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата   Халкбанк почна кампања „На наша сметка“ преку која ќе овозможи директна помош на вкупно 133 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата. Преку оваа кампања која почна вчера и […]

Либан бара помош од пријателите во светот


Премиерот на Либан, Хасан Диаб во кратко телевизиско обраќање ги повика сите држави и пријатели на Либан да и помогнат на државата, по вчерашната експлозија во Бејрут, во која загинаа повеќе од сто лица и уништи цели населби во градот. – Сведоци сме на вистинска катастрофа, изјави Диаб и повторно вети дека сторителите ќе сносат […]

Што облече првата дама Ѓоргиевска на отворањето на „Охридско лето“: Пурпурна тоалета со неколку слоеви симболика


Лејла Сабит Вечерна тоалета без ракави во пурпурна боја, која носи во себе неколку слоеви на симболика, но и потсетува на длабоките нијанси на езерото на полноќ избра првата дама, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска за отворањето на јубилејното 60. Охридско лето“ што синоќа се отвори под покровителство на претседателот Пендаровски. Во услови на коронакриза и […]

Нашите војници во мисијата на ОН во Либан се безбедни


Министерството за одбрана изрази блабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут и потенцира дека нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни. -Министерството за одбрана изразува длабоко сочувство за жртвите во разорната експлозија во Бејрут, Либан. Ве информираме дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, […]

„Букинг“ ќе отпушти 25 отсто од вработените


„Букинг холдингс“ (Booking Holdings) која стои зад водечкаата интернет туристичка агенција „Букинг.ком“ планира да отпушти 25 отсто од вкупната работна сила поради намалувањето на побарувачката за патувања, како резултат на пандемијата „Ковид-19“, пишува „Волстрит џорнал“. Предложените отпуштања од околу 4.000 вработени во Booking.com ќе започнат во септември по консултација со „синдикатите, претставници на вработените и […]

Во тропска бура Исија на источниот брег на САД загинаа најмалку четири лица


Во налет на тропска бура Исаја што вчера го погоди источниот брег на САД, загинаа најмалку четири лица. Во Северна Каролина загинаа две лица кога торнадото погоди една населба и уште две лица загинаа во Мериленд и Њујорк при пад на дрвја врз нивните возила. Националната метеоролошка служба потврди дека торнадо ги погоди американските сојузни […]

Жртвите од експлозијата во Либан ќе беа побројни ако не беше корона вирусот?


Либан, во чиј главен град Багдад вчера се случи силна експлозија во близина на пристаништето, во која загинаа повеќе од 100 луѓе, а илјадници се повредени, воедно се соочува со пандемијата од корона вирус. Додека од почетокот на епидемијата Либан бележи по најмногу десетина случаи дневно, последната недела рапидно расте бројот на новозаболени, па така […]

Пред пандемијата во земјава од дознаки се слевале по милијарда евра годишно


Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство се важни за македонската економија, оценува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуа за австралиското радио СБС и за е-магазинот „Анторис“. – Покрај тоа што дознаките се значаен дополнителен извор на приходи за дел од домаќинствата, коишто го подобруваат нивниот животен стандард, тие […]

Во сообраќајка во Грција загинаа седум лица, најверојатно мигранти


На автопатот „Егнатија“, во близина на грчкиот град Александруоли седум лица загинаа, петмина се повредени, откако се превртело украдено возило во кое имало 12 лица, а најверојатно станува збор за нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека сообраќајката се случила кога возилото, кое што било украдено, излетало од патот, […]

Дури 19 лекари влегоа во политиката


Во новиот парламент на Македонија има најмногу правници – 28, а потоа економисти – 18 и дури 19 лекари. Во законодавниот дом седнуваат и еден педагог, 6 политиколози, еден филолог, 10 професори/наставници во основно и во средно образование. Највозрасниот пратеник, 72-годишниот Илија Николовски, е пензиониран генерал, а најмладиот, 23-годишната Артина Ќазими, е студентка. Во име […]

Процент на млади заразени со Ковид-19 се зголемил за три пати


  Младите кои ги полнат ноќните клубови и плажите се во врвот на растот на нови случаи на корона вирус низ целиот свет. Процентот на заразените од 15 до 24 години е за три пати поголем од пред пет месеци, соопшти Светската здравствена организација. Анализата на СЗО од 6 милиони инфекции помеѓу 24 февруари и […]

Лани помалку јавни набавки без оглас, но за повеќе пари


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите. Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: Чести поништувања на тендерите, a причините за тоа и големината на тендерите за кои се носат вакви одлуки ја […]

Приходите на „Дизни“ речиси преполовени поради пандемијата


Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека нејзините нето приходи драстично опаднале од март до јуни, кога повеќето тематски паркови беа затворени, а филмските премиери беа одложени. За кварталот кој заврши на 27 јуни, компанијата пријави загуба од 4,84 милијарди долари или 2,61 американски долари по акција, во однос на добивката од 79 центи во претходниот квартал. […]

Поради врнежите можно излевање на помалите реки


И покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, предупредува УХМР. -Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, […]

Четириесет компании ќе добијат поддршка за отворање нова е-продавница


Четириесет домашни компании ќе добијат неповратна финансиска и советодавна помош во рамки на јавниот повик од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Избраните апликанти ќе добијат помош за отворање своја е-продавница со сопствено софтверско решение или […]