Жртвите од експлозијата во Либан ќе беа побројни ако не беше корона вирусот?


Либан, во чиј главен град Багдад вчера се случи силна експлозија во близина на пристаништето, во која загинаа повеќе од 100 луѓе, а илјадници се повредени, воедно се соочува со пандемијата од корона вирус.

Додека од почетокот на епидемијата Либан бележи по најмногу десетина случаи дневно, последната недела рапидно расте бројот на новозаболени, па така рекордот од 224 новозаболени е забележан на 30 јули.

Истиот ден, либанската влада донесе рестриктивни мерки за заштита од корона вирусот.

Мерките беа најавени два дена претходно, а подразбираат дека во следните две недели, односно до 10 август ќе бидат затворени многу бизниси, како кафулиња, паркови, плажи и маркети.

Религиозните и јавните настани се забранети во овој период. Отворени се само основните бизниси, а рестораните и кафулињата работат со 50 отсто од капацитетот.

Потполно затворање беше воведено од 30 јули до 3 август и од 6 до 10 август, што значи дека повеќето бизниси и јавни институции не работеа во тој период. Од друга страна јавниот транспорт, здравството, безбедносните сили и индустријата останаа отворени.

Меѓународниот аеродром „Рафик Харири“ од 1 јули беше отворен за комерцијални летови, но со 10 отсто од капацитет. За патување во Либан потребен е негативен ПЦР тест кој се прави при пристигнувањето, а следните 48 часа патникот ги поминува во домашна изолација додека стигнат резултатите.

Во Либан има 5.062 заболени од корона вирус, а починаа 65 луѓе, додека 1.837 оздравеле.

Здравствениот систем во Либан едвај го издржува притисокот од корона вирусот. И претходно се соочуваше со структурни проблеми, со недостаток на лекови и медицинска опрема. Имајќи предвид дека по експлозијата во која повеќе од 4.000 луѓе се повредени и треба да им се укаже лекарска помош, повеќе хотели ги отворија вратите за оние на кои им се потрбни операции.