Вонредна состојба во Врање, во Србија нови 242 заразени, четворица починати


Според последните информации, во Србија од корона вирус заразени се уште 242 луѓе. Од последиците од Ковид-19 починаа четворица. Поради зголемениот број заразени, Кризниот штаб одлучи од вторник во Белград да биде задолжително носење маски во сите затворени простории, не само во јавниот превоз. Вонредна состојба прогласена е во Врање.

Љубе Бошкоски за новата „бомба“: Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев


По објавената аудио „бомба“, во која се вели дека Сашо Мијалков ги платил автобусите за превоз на вмровски членови за митинг, се огласи и Љубе Бошкоски. Тој вели дека „ДПМНЕ на чело со Груевски и Мијалков се тие што му ја расплакаа мајката на народот, а не Заев“. Во својата објава на Фејсбук тој уште […]

Уште 34 заразени во Хрватска


Во Хрватска забележани се 34 нови случаи на зараза со корона вирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Во болница се 65 пациенти, а еден е на респиратор, пренесе Index.hr. Денеска тестирани се 730 лица До сега забележани се 2.725 заразени со корона вирус, оздравеа 2.155, а починаа 107. Вкупно тестирани се 78.183 лица. Овие […]

Иран издаде црвена потерница за Трамп


Иран издаде црвена потерница за американскиот претседател Доналд Трамп и за уште повеќе од 30 лица, поради сомнеж дека се вмешани во нападот со беспилотно летало во Багдад во јануари оваа година, при што беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани. Иран, исто така, побара помош и од Интерпол за апсење на осомничените, но медиумите оценуваат […]

ССКЦ: Да се повлечат вработените во здравствените установи од избирачките одбори и комисии


Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар соопшти дека неприфатлива е одлуката вработени во јавните здравствени установи, вклучително доктори и медицински сестри во овие моменти да бидат вклучени во избирачки комисии и одбори. – Министерот за здравство, поради недостиг и истрошеност на здравствен персонал донесе колеги од другите градови да помогнат во работниот процес во Градската општа болница […]

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон осуден на пет години затвор


Француски суд денеска го прогласи за виновен поранешниот премиер Франсоа Фијон за плаќање на неговата сопруга над еден милион евра јавни средства за „фиктивна работа“. Фијон е осуден на пет години затвор – од кои три може да ги служи преку општокорисна работа. Тој, исто така, ќе треба да плати казна од 375,000 евра и […]

Раст на платите и зачувување на работните места во администрацијата и правосудството бара УПОЗ од политичките партии


Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), денеска до политичките партии кои ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори упати барања со кои побара унапредување на правата од работен однос на вработените во администрацијата и правосудството. Барањата, како што соопштија од Синдикатот на УПОЗ, се испратени до сите политички партии и […]

Кризата го зема данокот – индустриското производство во мај со пад од 27 отсто


Индустриското производство во мај годинава забележа пад од 27 отсто во однос на мај лани, а од почетокот на годинава до мај во однос на тој период минатата година намалување од 14,4 отсто. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во мај 2020 […]

Над 1.800.000 гласачи на избирачкиот список, ќе се гласа и во спортски сали


Државната изборна комисија (ДИК) в среда ќе го заклучи Избирачкиот список и во него ќе бидат нешто повеќе 1.814 000 граѓани, рече првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски, на заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. „Прецизната бројка ќе биде позната в среда, а потоа списокот ќе се генерира и ќе се предаде […]

Александар Николоски со Ѓорге Иванов ја договарал иднината на Македонија


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, при посета на Валандово остварил неформална средба  со поранешниот претседател Ѓорге Иванов од кој, како што вели, добил поддршка за предвремените парламентарни избори. „Денес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов, мојот професор од студентските денови, од кого научив многу […]

„Виз Ер“ на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид


Со лет на „Виз ер“ во среда се отвора Меѓународниот аеродрoм – Скопје. „Виз Ер“ ќе го отвори и аеродромот во Охрид  „Свети Апостол Павле“ в четврток со лет со кој ќе допатуваат туристи од Холандија и Полска, соопшти генералниот директор на ТАВ – Македонија, Алпер Ерсој. Протоколите се подготвени и се по сите светски […]

Чулев-Деркоски: Овие избори се клуч за влез на европската врата


Политичките чинители да ги почитуваат законите, да водат фер и демократска кампања, а граѓаните до Министерството за внатрешни работи да пријават секоја активност насочена кон кршење на избирачкото право или каква било нерегуларност. Да внимаваме сите во овој изборен циклус како се однесуваме, да обезбедиме фер, демократски и транспарентен процес на 10 – те парламентарни […]

ФАЦ: Само Србија и Црна Гора на листата на ЕУ за патување


Членките на ЕУ се пред постигнување договор за листата на трети држави чии граѓани ќе смеат да влезат во Унијата. Според ФАЦ, од земјите од Балканот на листата се само Србија и Црна Гора   На првата листа ќе се најдат 14 трети држави чии граѓани од 1 јули ќе смеат да влезат во Европската […]

Чулев: Мицкоски и Андоновски ја признаа грешката


Повикувањето на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидер на партијата што ме предложила за министер за внатрешни работи, и на мојот советник на разговор затоа што прекршиле владина одлука со која се забранува престој во затворен објкет, само покажува дека се остварува она што го најавив кога дојдов на оваа функција за неселективна […]

Грција задутре го отвора преминот Евзони и ја чека одлуката од ЕУ за влез на државјани од трети земји


Грција задутре отвора седум гранични премини на копнените граници со Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Турција, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на нашата земја, како што и беше претходно најавено, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак […]

Зибери ќе прави Босна од Македонија за да биде премиер


Имплементирање на консензуално законодавство при одлучувањето и заедничка одговорност, еднаква дистрибуција на јавните инвестиции, задолжителни часови по албански јазик во секое училиште, нула данок на добивка за три години за секој вработен за прв пат под 35-годишна возраст, донесување на закон со кој се забрануваат казината и игрите на среќа во далечина од еден километар […]

Растат бројките на заразени и во Германија, Чешка, Австрија и Бугарија


  Бројот на потврдени случаи од корона вирус расте и во Германија, Чешка, Австрија и Бугарија. Така во Германија има 262 новозаболени, а вкупно 193.761, покажуваат податоците од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Починаа уште четворица, со што од Ковид-19 во германија починаа 8.961, пренесе Ројтерс. Во Чешка денеска пријавени се 305 нови случаи […]

„Келвин Клајн“ пак руши табуа: Трансродова манекенка горда на своето тело


САД– Пред масивниот билборд на „Кeлвин Клајн“ на Менхетен, црномурестата трансродова манекенка, актерка и активист Џари Џоунс отвори шампањско за да ја прослави кампањата #PROUDINMYCALVINS додека во костим за капење се смешка на билбордите низ Њујорк. Кампањата на гордоста на американскиот гигант за долна облека вклучува уште 8 ЛГБТ модели, меѓу нив и Џоунс која […]

Интервју со Александар Тортевски: Сметаме на тие што не сакаат партизирана држава


Слободанка Јовановска Кога ќе формирате или ќе се приклучите на партија, веднаш станувате мета на организирана плукачка машинерија, дури и од тие што до вчера ви аплаудирале, вели Александар Тортевски од Твоја партија, која за првпат ќе учествува на избори во Македонија. Според него, малите партии се нееднакви во трката, бидејќи добиваат само 30.000 евра, […]

(Во живо) Филипче и Сугарески на Скопскиот аеродром


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за здравство Венко Филипче, во моментот се во посета на аеродромот во Скопје. Проследете во живо: https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/270651853996042/