Растат бројките на заразени и во Германија, Чешка, Австрија и Бугарија


 

Бројот на потврдени случаи од корона вирус расте и во Германија, Чешка, Австрија и Бугарија.

Така во Германија има 262 новозаболени, а вкупно 193.761, покажуваат податоците од Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Починаа уште четворица, со што од Ковид-19 во германија починаа 8.961, пренесе Ројтерс.

Во Чешка денеска пријавени се 305 нови случаи од корона вирус, што е најголем дневен пораст од 3 април. соопшти министерството за здравство. Во таа земја веќе шести ден по ред се бележат троцифрени бројки со новозаразени, а денеска има двојно повеќе отколку пред два дена, кога имаше 168 нови, а вчера тој број порасна на 260. Вкупно до сега регистрирани се 11.603 случаи, пренесе Ројтерс.

Во Бугарија потврдени се нови 66 случаи од Ковид-19, објави Националниот информативен порат за корона вирус. Во последните 24 часа тестирани се 1.034 примероци, пренесе БТА. Од 4.691 потврден случај на корона вирус во Бугарија, активни се 1.964. Од нив во болница се 423, а 25 на интензивна нега. Во последните 24 часа починаа тројца, или вкупно 219.

Во Австрија во последните 24 часа регистрирани се 69 нови случаи на зараза, од кои најмногу во покраината Горна Австрија. каде имало 39 нови. Во болница се 74 пациенти, а осум на интензивна нега. Во Австрија има 502 активни случаи, а во послендиот ден почина едно лице, или вкупно 703.