Александар Николоски со Ѓорге Иванов ја договарал иднината на Македонија


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4, Александар Николоски, при посета на Валандово остварил неформална средба  со поранешниот претседател Ѓорге Иванов од кој, како што вели, добил поддршка за предвремените парламентарни избори.

„Денес сум горд што добив поддршка од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов, мојот професор од студентските денови, од кого научив многу за политиката која сега ја применувам, е најчесниот и најискрен претседател кого Македонија го имала. Далеку најголем патриот на чело на државата. Човек кој се спротистави на националното обезличување на Македонија. Неговата визија и совети се од голема помош за мене во оваа кампања“, рече Николовски.

Тој додаде дека во неговото родно Валандово со Иванов разговарале за иднината на Македонија.

„Ќе ја направиме економски силна, а народот национално горд. Заедно ќе победиме во четворката и во цела Македонија“, напиша Николоски на својата официјална Фејсбук страница.