„Келвин Клајн“ пак руши табуа: Трансродова манекенка горда на своето тело


САД– Пред масивниот билборд на „Кeлвин Клајн“ на Менхетен, црномурестата трансродова манекенка, актерка и активист Џари Џоунс отвори шампањско за да ја прослави кампањата #PROUDINMYCALVINS додека во костим за капење се смешка на билбордите низ Њујорк. Кампањата на гордоста на американскиот гигант за долна облека вклучува уште 8 ЛГБТ модели, меѓу нив и Џоунс која се идентификува како транскер лезбејка.

„Беше таква чест и задоволство да бидам во центар на вниманието со моето тело кое често беше демонизирано, малтретирано, направено да се чувствува грдо и недостојно, па дури и убиено“, напиша таа на Инстаграм.

Во кампањата на Калвин Клајн се вели дека секој од деветте модели прикажани во #PROUDINMYCALVINS“ се избрани заради нивните моќни приказни.