Полицијата во Минеаполис отсега ќе биде фина


Градскиот совет во Минеаполис донесе одлука за забрана на задушување на лице за време на полициско апсење, по убиството на Џорџ Флојд пред 10 дена, кога полицаец со колено му го притискаше вратот повеќе од осум минути. Ограничена е и употребата на средства за разбивање демонстрации и побарана е поголема транспарентност во работата на полицијата. […]

По сè, преговорите за Брегзит може да пропаднат


Преговорите за идниот однос меѓу Европската Унија и Велика Британија се во слепа улица и постои реална опасност тие да не успеат, пишува Дојче веле. За да се избегне тоа, Лондон ќе треба да побара продолжување на рокот за постигнување договор. „Не постигнавме многу напредок“, изјави главниот преговарач на Европската Унија, Мишел Барние, за „Сандеј […]

Слоганот „Црните животи се важни“ испишан на улица кон Белата куќа


Дел од 16-та улица која води кон Белата куќа во Вашингтон, по налог на градоначалничката Мјуриел Баузер, го доби името „Плоштад Црните животи се важни“. Градоначалничката исто така нареди слоганот да биде напишан со големи жолти букви на улицата во знак на протест против ставот на претседателот Доналд Трамп кон протестите за убиството на Џорџ […]

Болсонаро се заканува со излегување на Бразил од СЗО


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се закани дека Бразил ќе излезе од Светската здравствена организација ако таа, како што рече, не престане да биде пристрасна политичка организација. Тој за бразилскиот Си-Ен-Ен изјави дека лекот хидроксихлорохин „се вратил“ откако била повлечена „срамната“ студија за неговиот ефект. Влијателното британско медицинско списание „Лансет“ повлече статија во која се тврди […]

Версај реотвара на 6 јуни, Лувр на 6 јули


Франција- Музејот Лувр во Париз ќе се отвори на 6 јули, бидејќи историските и културните места во Франција излегуваат постепено од карантинот како последица на пандемијата од коронавирус. Во изјавата, најпосетуваниот музеј во Франција, соопшти дека системот за резервации и новото обележување ќе им понуди на посетителите максимална можна безбедност додека се во зградата. Од […]

Втор ден карантин за Скопје, Куманово, Штип и Тетово


За граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце денеска е втор ден карантин, откако Владата за тоа донесе одлука на седницата во средата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. Осумдесет-часовниот […]

Велика Британија е втора земја во светот со повеќе од 40.000 смртни случаи од Ковид-19


Aнглија– Велика Британија стана втора земја во светот по број на починати од коронавирусот со 40.261 смртни случаи, откако здравствените власти денеска соопштија за уште 357 смртни случаи. Според британскиот весник „Гардијан“, се верува дека вистинскиот број на смртни случаи од Ковид-19 е уште поголем затоа што во податоците спаѓаат само оние кои се тестирани […]

Активни 1.009 случаи на заболени од Ковид-19, 90 отсто од новозаболените се од 15 фамилии


Во земјава вчера беа потврдени 180 нови случаи на позитивни од Ковид-19, што е најголем број од почетокот на епидемијата досега, но министерот за здравство Венко Филипче информираше дека станува збор за познати кластери, посочувајќи дека 90 отсто од новозаразените се од 15 фамилии. Во моментов се активни 1.009 случаи на заболени од коронавирус, а […]

(Видео) Фасцинантно: Стадо диви коњи во галоп на Пелистер


Стадото пелистерски диви коњи се вистинска атракција на Пелистер, посебно за љубителите на природата и убавата фотографија, пишува битолскиот портал „апла.мк“. Порталот го објави видеото што на Баба Планина го направи битолчанецот Даниело Божиновски, со фасцинантни сцени од коњите кои уживаат во слободата што им ја овозможува планината. „Можеби оваа снимка е една од најубавите […]

Бундесбанк: На Германија ќе ѝ бидат потребни две години за да закрепне од рецесијата


Германската економија годинава ќе забележи значителен пад и можеби ќе бидат потребни две години за да го надомести, соопшти во петокот Бундесбанк, придружувајќи се на голем број прогнозери кои предвидуваат бавно закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата на корона вирусот. Најголемата економија на еврозоната годинава ќе забележи пад од 7,1 процент, врз основа на календарски […]

Владата го замрзна изборот на ректор на УКИМ


На предлог на Министерство за образование и наука, Владата на вечерашнава седница го допрецизираше членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба мандатот, постапките за избор ќе ја започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од […]

Владата ќе даде половина милион евра на невладините за помош околу епидемијата


Владата вечерва ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со КОВИД-19 кризата. Согласно Програмата, 30 милиони денари ќе бидат наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за преземање итни мерки за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 преку грантови во износ […]

Љупчо Николовски прашува дали со Мицкоски во ресторанот седел Ален Зеќиров и поранешен шеф на УБК


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека кафеаните и теретаните му биле поважни од здравјето на граѓаните. „Тој е лицето на ВМРО-ДПМНЕ, тој е главата на партија која не почитува закони, која луѓето ги дели на ваши и наши, која помага само ако имаш партиска книшка, која потплатува судии, се […]

Трамп шокира: Ова е прекрасен ден за Флојд


  Претседателот на САД Доналд Трамп, во текот на прес-конференцијата за економското закрепнување на Америка зборуваше и за протестите поради убиството на Џорџ Флојд, кој вчера пече погребан. „Се надевам дека Џорџ не гледа одозгора и вели: „Ова што се случува во нашата земја е прекрасно“. Ова е прекрасен ден за него, за сите нас […]

Расте бројот на новозаразени во Италија


Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Италија денеска се зголеми за 85, што е благ пад во однос на вчерашниот кога беше 88, објави Агенцијата за цивилна заштита, но додаде и дека бројот на заразени лица скокнал на 518 во однос на 177, колку што беше претходниот ден. Вкупниот број на починати од […]

МЗ: Министерот Филипче информира точно, не прикрива број на новозаразени


Министерството за здравство најостро ги демантира дезинформациите изнесени на прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со наводно прикривање на 20-тина случаи на заболени од ковид-19 од страна на министерот за здравство Венко Филипче, соопшти Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, на ден 02.06.2020 година е регистриран 1 позитивен случај на коронавирус […]

 ВМРО-ДПМНЕ за Петровска: Во самоизолација, а држи прес конференција


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес конференцијата на заменик министерката за внатрешни работи без да оспори ниту еден аргумент од изнесеното, забележувајќи само дека за потребите на Заев, според нив, држела прес конференција иако е во самоизолација со решение на Институтот за јавно здравје. -Дали Славјанка Петровска денес ги загрози животите на десетици лица, наши сограѓани? Наместо […]

Кандидатите бараат да прекине постапката за избор на ректор на УКИМ


Со оглед на денешните бројки на инфицирани и активни случаи во Скопје, одржување на избори за ректор во услови на  вонредната состојба значат прекршување на здравствените мерките и  препораките определени со уредбите на Владата и насоките на ДКСК, тврдат кандидатите за ректор на УКИМ во нивната реакција во јавноста. -Гласањето за ректор и физичкото присуство […]

СЗО: Луѓето да носат маски од ткаенина за лице


Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина во јавност во области каде постои ризик да го пренесат Ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата. Во своите нови упатства, поттикнати од докази од студии спроведени […]

По пад од трактор почина 6 годишно дете од Делчево


При пад од трактор, во делчевската населба Таушанско маало почина 6 годишно дете. Екипа на Итната медицинска помош интервенирала на повик во 14 часот, при што од страна на дежурниот лекар биле констатиран потрес на мозокот кај повреденото дете кое било во кома. -Со возило на Итната медицинска помош, 6 годишното дете е префрлено во […]