Владата го замрзна изборот на ректор на УКИМ

Фото: Б. Грданоски

На предлог на Министерство за образование и наука, Владата на вечерашнава седница го допрецизираше членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба мандатот, постапките за избор ќе ја започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба.

Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон.

Со ова дополнување се гарантираат транспарентноста и инклузивноста при процесите на универзитетите во рамките на воспоставената правна рамка.