ВМРО-ДПМНЕ за Петровска: Во самоизолација, а држи прес конференција

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес конференцијата на заменик министерката за внатрешни работи без да оспори ниту еден аргумент од изнесеното, забележувајќи само дека за потребите на Заев, според нив, држела прес конференција иако е во самоизолација со решение на Институтот за јавно здравје.

-Дали Славјанка Петровска денес ги загрози животите на десетици лица, наши сограѓани? Наместо во изолација како лице во потенцијален ризик за ширење на коронавирус таа држеше прес конференција.Петровска за потребите на Заев држеше прес конференција, иако со Решение на ИЈЗ, како што објавија медиумите, истата е упатена во домашна самоизолација.

Дно на лицемерие е Славјанка да обвинува дека некој друг не се грижел за здравјето на граѓаните, а таа треба да седи дома затоа што е во самоизолација.Дали Петровска директно ги загрози животите на нашите сограѓани, во време кога коронавирусот се шири со аритметичка прогресија? Доколку Славјанка Петровска има решение за самоизолација, таа го прекршила чл.2 ст.2 од Уредбата на владата за примена на законот за заштита на населението од заразни болести и сторила кривично дело казниво со закон, се вели во реакцијата.