Љупчо Николовски прашува дали со Мицкоски во ресторанот седел Ален Зеќиров и поранешен шеф на УБК

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека кафеаните и теретаните му биле поважни од здравјето на граѓаните.

„Тој е лицето на ВМРО-ДПМНЕ, тој е главата на партија која не почитува закони, која луѓето ги дели на ваши и наши, која помага само ако имаш партиска книшка, која потплатува судии, се заканува на новинари, прави црни листи за отстрел, списоци, тепа невини луѓе и студенти, притвора неистомисленици“, рече Николовски во денешното обраќање во живо преку социјалните мрежи.

Николовски истакна дека во јавноста постојано стигнуваат нови информации за скандалозното прекршување на забраните од страна на Мицкоски и затоа тој мора да одговори на јавно поставени прашања.

„Мицкоски јавно призна дека ги прекршил мерките наивно обидувајќи да се оправда дека не ги познавал протоколите, истите протоколи кои тој и неговата партија ги критикуваа.

Тој го постави прашањето „дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек?

Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање? Што разговарале и од што се криеле среде Скопје?“, праша Николовски.