Трамп шокира: Ова е прекрасен ден за Флојд

 

Претседателот на САД Доналд Трамп, во текот на прес-конференцијата за економското закрепнување на Америка зборуваше и за протестите поради убиството на Џорџ Флојд, кој вчера пече погребан.

„Се надевам дека Џорџ не гледа одозгора и вели: „Ова што се случува во нашата земја е прекрасно“. Ова е прекрасен ден за него, за сите нас кога се работи за еднаквист“, рече Трамп, пренесе Индекс.

На прашање на новинар да објасни што точно мисли кога вели дека ова е прекрасен ден за Флојд, Трамп на заминување само повтори: „Ова е прекрасен ден“.

Протестите по смртта на Флојд почнаа минатата недела, откако полицаец го загуши ставајќи му колено на врат речиси девет минути.

„Еднаква правда по закон мора да значи дека секој Американец добива еднаков третман во секоја средба со полицијата независно од расата, бојата на кожата или верувањата, полицијата мора праведно да ги третира“, рече Трамп.

„Сите видовме што се случи минатата недела, не може да дозволиме тоа да се случува“, додаде тој.