(Видео) Фасцинантно: Стадо диви коњи во галоп на Пелистер


Стадото пелистерски диви коњи се вистинска атракција на Пелистер, посебно за љубителите на природата и убавата фотографија, пишува битолскиот портал „апла.мк“.

Порталот го објави видеото што на Баба Планина го направи битолчанецот Даниело Божиновски, со фасцинантни сцени од коњите кои уживаат во слободата што им ја овозможува планината.

„Можеби оваа снимка е една од најубавите што сум ги снимил сиве овие години, денови, саати поминати на планина. Уживајте во краткото видео. Јас им се восхитував додека ги гледав. Бисер Балкански“, напиша Божиновски на Фејсбук.

Како што изјавил за „апла.мк“ дивите пелистерски коњи се снимени на патека која ретко е посетувана, на граничната линија со Грција, меѓу врвовите Балтан и Цуце, под кои се наоѓаат селата Брајчино и Љубојно. Патеката не е маркирана, а шумата е опасна и има многу диви животни.

 

https://youtu.be/xlXuXcLrNuc