Расте бројот на новозаразени во Италија

Бројот на смртни случаи од корона вирусот во Италија денеска се зголеми за 85, што е благ пад во однос на вчерашниот кога беше 88, објави Агенцијата за цивилна заштита, но додаде и дека бројот на заразени лица скокнал на 518 во однос на 177, колку што беше претходниот ден.

Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Италија е 33.774, соопшти Агенцијата, што е четврт најголем број во светот по САД, Велика Британија и Бразил.

Бројот на заразени со корона вирусот се искачи на 234.531, што е шести по големина во светот по САД, Русија, Шпанија, Велика Британија и Бразил.

Од 518 новозаразени, 402 се од северниот регион Ломбардија, кој е најтешко погоден од епидемијата.

На одделенијата за интензивна нега има 316 лица, нешто помалку од вчера, кога имало 338.

Од корона вирусот досега се излекувале 163.781 луѓе, а тестирани се 2,565 милиони луѓе.