Путин: Русија мора да ја задржи водечката позиција во извоз на оружје


Моменталната ситуација  со коронавирусот бара флексибилни промени во областа на воено-техничката соработка за нашата земја да може да ја задржи водечката позиција во извозот на одбранбено оружје, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во текот на средбата со претставници на странски држави . Путин истакна дека има голема меѓународна конкуренција во сферата на воено-техничката соработка, […]

Италија надмина 18.000 мртви од корона вирусот


Денешната слика од Италија не е светла, но ситуацијата покажува стабилизирање. Бројот на починати од корона вирусот и натаму е многу висок – 610 лица (вчера тој број беше 542), и со тоа вкупниот број на умрени стигна до 18.279. Хоспитализацијата е за малку опадната, и кај сериозните и кај помалку сериозните случаи. Според податоците […]

Бугарските цркви нема да се затворат за Велигден


Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска соопшти дека православните цркви и храмови во земјата ќе бидат отворени за време на Цветници и Велигден и покрај кризата со коронавирусот, објаснувајќи дека така ќе било затоа што многу луѓе биле очајни и со ослабнат дух. Борисов, исто така, денеска ги повика Бугарите да останат дома и оттаму да […]

Меркел: Можеме брзо да го уништиме она што го постигнавме


Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека најновите бројки за заразени со коронавирусот даваат надеж, но првенствено поради претстојниот Велигден предупреди дека тоа што е постигнато може брзо да се уништи. – Кривата е малку израмнета. На почетокот на кризата бев многу загрижен и прашав дали треба мерките уште да се заострат. Затоа денеска сум […]

Нова мерка на Владата за поддршка на приватните работодавачи


Владата денеска донесе Измена на уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза заради исплата на плати за април и мај 2020 година. Со овие измени се трга условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката (а во насока на заштита на […]

Бујар Османи- главен координатор на странската помош


Владата на денешната седница воспостави централен механизам за примање, следење и распоредување на сите донации и помош што ги добива Македонија. Со него ќе раководи вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи, како Национален координатор за странска помош. Согласно заклучокот, донациите и помошта што ќе бидат примени ќе се складираат централизирано, на едно место, и ќе се […]

Реисот Реџепи фрли бомба


ЕРОЛ РИЗАОВ Реџепи како верник и поглавар на ИВЗ наместо да повика на мир и воздржаност постапи како екстремен и милитантен политички радикал со што направи голем грев Реисот Сулејман Реџепи фрли бомба газејќи го учењето на исламот, непочитувајќи ја својата татковина, непочитувајќи ги граѓаните без оглед на нивната верска, национална и политичка припадност. Неговата […]

Мерките за плати ќе може да ги користат и управителите и сопственици на бизнисите


Владата направи измена на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук. – Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба. Денеска на владина седница донесовме измена на уредбата. […]

Следната недела ќе почнат подготовките за олабавување на мерките


Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести денес министерот за здравство, Венко Филипче. Фазата во која се наоѓаме, со најголеми рестрикции на движењето, ќе се искористи за подготовка на производствените капацитети, рестораните и економските оператори да се подготват за постепено враќање на […]

Авион со милион маски од Чешка за Македонија се вратил поради технички причини


Секретаријатот за европски прашања извести дека авион со донација од Чешката Република требало да слета денес во Скопје, но по полетувањето бил вратен назад поради технички причини. Во авионот има помош од Чешка за Македонија која, според најавите, ќе содржи околу милион заштитни маски, а можно е да има и друга опрема. Доаѓањето на помошта […]

Откриена болеста „њукастел“ во одгледувалиште во општина Гази Баба


Во одгледувалиште на живина во општина Гази Баба откриена е болеста њукастел. Агенцијата за храна и ветеринарство денеска соопшти дека болеста не е зооноза, односно не се пренесува и не е опасна за луѓето. Вирусот е лабораториски потврден вчера од страна на Факултетот за ветеринарна медицина. Донесено е решение со кое му се наложува на […]

Грчката Влада нема да дозволи Светиот оган да се носи од дом во дом


Светиот оган од Ерусалим и покрај пандемијата ќе пристигне во Грција, ќе се достави на целата територија, но нема да биде дозволено да се носи од дом во дом, како што планираа и најавија градоначалници од неколку грчки општини, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа дека црквите во Грција, за Велигден […]

За една недела уште 6,6 милиони Американци побарале надомест за невработеност


Уште 6,6 милиони Американци во текот на минатата недела се пријавија за помош за невработени, во период на епидемија на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за труд. Американската централна банка, пак, во исто време соопшти дека може да ја помогне економијата со 2,3 илјади милијарди долари преку нови и проширени програми. „Пандемијата со неверојатна брзина затвори […]

Пренасочен сообраќајот кај клучката Хиподром, се врши увид во сообраќајка


Сообраќајот на автопатот Велес – Скопје и Куманово – Скопје кај клучката Хиподром се пренасочува кон обиколницата. Причина за пренасочувањети е вршење увид на сообраќајна незгода, информира Автомотосојузот на Македонија.

Дали компанијата ќе ја загуби државната помош ако некој самоволно даде отказ?


Владата да овозможи флексибилност, мал процент на отстапување за обврската компаниите да го задржат бројот на вработени до септември годинава, при користењето некоја од погодностите предвидени со мерките за помош, апелира Стопанската комора на Македонија. Разбирливо е, нагласува Комората, дека не можат однапред да се предвидат оперативните аспекти на бројните уредби за регулирање на работењето […]

Ирак: Шефот на разузнавачката служба назначен за премиер


Началникот на Националната разузнавачка служба на Ирак, Мустафа ал Кадими денеска е именуван за мандатар за состав на владата, трет кандидат за еден месец, бидејќи претходно предложениот се повлече во услови на политички судири. Кандидатурата на Аднан ал Зурфи, втор кандидат за мандатар за состав на владата, беше загрозена во изминатите 48 часа, бидејќи клучните […]

За Велигден нема одење во црква


Во однос на заострување на мерките за заштита од корона вирусот, во периодот околу Велигден, министерот Венко Филипче, рече дека не размислуваат во таа насока. Смета дека овие мерки кои се воведоа до сега, се доволни за заштита на населението од ширење на корона вирусот. Ако се знае дека Велигден секогаш е во недела, а […]

СЗО: Не е време за намалување на мерките, треба тројно да се зголемат напорите против епидемијата


Светската здравствена организација порача дека не е време за намалување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, туку дека треба и двојно и тројно да се зголемат напорите  за да се победи епидемијата. – Иако има позитивни знаци во Италија, ситуацијата е сè уште многу загрижувачка. Заразата се уште се шири во Европа, со […]

Прв случај на позитивен на коронавирус во Пробиштип


Во Пробиштип е регистриран прв случај на лице носител на Ковид 19, информираше денеска градоначалникот на Драган Анастасов. Тој апелира граѓаните да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита. – Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата […]

Општина Шуто Оризари апелира: Не споменувајте каде живеат заболените!


Општина Шуто Оризари и Кризниот штаб апелираат до граѓанските организации во иднина да не ја известуваат јавноста за заболени по улици, како што е случајот со „Брсјачка буна“. – Самото спомнување на заболени кај населението од таа улица, која брои над 400 домаќинства, создаде паника и дополнителна стигматизација на дел од лицата кои изминатиов период […]