Авион со милион маски од Чешка за Македонија се вратил поради технички причини


Секретаријатот за европски прашања извести дека авион со донација од Чешката Република требало да слета денес во Скопје, но по полетувањето бил вратен назад поради технички причини.

Во авионот има помош од Чешка за Македонија која, според најавите, ќе содржи околу милион заштитни маски, а можно е да има и друга опрема.

Доаѓањето на помошта е одложено за утре.