За една недела уште 6,6 милиони Американци побарале надомест за невработеност


Економистите се загрижени дека досега преземените херкулски напори нема да бидат доволни доколку кризата продолжи по јуни

Уште 6,6 милиони Американци во текот на минатата недела се пријавија за помош за невработени, во период на епидемија на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за труд.

Американската централна банка, пак, во исто време соопшти дека може да ја помогне економијата со 2,3 илјади милијарди долари преку нови и проширени програми.

„Пандемијата со неверојатна брзина затвори долгогодишни и нови претпријатија, оставајќи ги без плата постарите работници и нововработени во речиси сите видови индустрија“, пишува „Њујорк тајмс“.

Весникот потсетува дека за само три недели повеќе од 16 милиони Американци останаа без работа, повеќе отколку за рецесијата предизвикана за две години.