Бујар Османи- главен координатор на странската помош


Фото: Б. Грданоски

Владата на денешната седница воспостави централен механизам за примање, следење и распоредување на сите донации и помош што ги добива Македонија. Со него ќе раководи вицепремиерот за евроинтеграција Бујар Османи, како Национален координатор за странска помош.

Согласно заклучокот, донациите и помошта што ќе бидат примени ќе се складираат централизирано, на едно место, и ќе се распоредуваат согласно потребите и приоритетите по доставени барања од страна на државните институции.