Преполовен профитот на Голдман Сакс поради издвоените резерви за покривање кредити


Групацијата Голдман Сакс денеска соопшти за пад од 49 проценти во нејзината квартална добивка, бидејќи банката издвои речиси една милијарда американски долари за да ги покрие идните доцнења на клиентите со отплата на кредитите и загубите на своите должнички хартии од вредност и капитални инвестиции. Нето профитот на банката падна на 1,12 милијарди американски долари […]

Адидас доби кредит од 2,4 милијарди евра од германската државна банка


Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ доби кредит од државната развојна банка КфВ во износ од 2,4 милијарди евра за да се справи со последиците од пандемијата на Ковид-19. „Државната банка се обврза да одобри кредит од 2,4 милијарди евра, а дополнителни 600 милиони евра кредит одобри група банки. Поради тешките последици во работењето од […]

Велигденскиот концерт на Бочели го сруши рекордот на Јутјуб


Италија- Велигденскиот концерт на италијанскиот тенор Андреа Бочели емитувана во живо во неделата исклучиво преку Јутјуб од Катедралата Дуомо во Милано, влезе во книгата на рекорди како пренос од класична музика во живо со најмногу прегледи во историјата на Јутјуб. „Музика за надеж – во живо од Дуомо во Милано“ на Бочели достигна над 28 […]

Доцни платата на вработените во образованието


Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) бара итно да им биде исплатена платата за март на вработените во основното и средното обрзование. – И покрај вонредните напори кои ги вложуваме, и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 10 идниот месец, иако во очи на големи верски празници (според христијанскиот и според […]

Во Србија уште 408 новозаразени, петмина починаа


  Во Србија денеска се забележани нови 408 случаи на заразени од ковид-19 од тестирани 2.880 луѓе. На конференцијата во 15 часот беше речено дека вкупно заразени кај нашиот северен сосед има 4.862 лица. Од корона вирусот во последните 24 часа починале уште петмина, две жени и тројца мажи, а бројот на починати се искачи […]

Во Хрватска во последните 24 часа повеќе оздравени од новозаболени


  Во Хрватска во последните 24 часа новозаболени од ковид-19 се 37, а оздравеле 57, додека тројца починале, објавија денеска надлежните. До сега во Хрватска регистрирани се 1.741 случаи на зараза, а оздравеле 473 лица, додека бројот ан починати е 34. На респратор во моментов се 31 пациент. Тројцата починати имале придружни болести. Се работи […]

Советот за етика апелира на професионално, а не сензационалистичко известување за кризата со короната


Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на корона вирусот, што дополнително би можело да влијае врз натамошно зголемување на загриженоста и вознемиреноста кај јавноста заснована на неточни информации и сензационализам. Од моментот […]

СЗО: Пред ублажување на мерките, неопходна е двонедела проценка на состојбите


Швајцарија– Земјите кои имаат намера да ги ублажат преземените вонредни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, прво би требало да почекаат најмалку две недели за да ги проценат ефектите од таквата одлука, предупреди денеска СЗО. Во препораката се наведува дека сите земји треба да извршат ваква проценка пред да ги ублажат мерките за итни […]

Шведска ќе издвои 10 милијарди евра за борба против коронавирусот


Шведска – Шведска ќе потроши повеќе од 10 милијарди долари од својот нов буџет за борба против епидемијата на коронавирусот, која блокираше поголем дел од економијата, изјави денеска министерката за финансии Магдалена Андерсен. Голем број шведски фирми се затворени поради пандемијата, а илјадници работници останаа без работа. Владата веќе објави голем број мерки, вклучително субвенции за […]

Одложен Тур де Франс – ќе се одржи од 29 август до 20 септември


Франција – Годинашното издание на велосипедиската трка „Тур де Франс“ ќе се одржи од 29 август до 20 септември, јави дописникот на МИА од Париз. Поаѓањето ќе биде на 29 август од Ница и пристигнување на 20 септември во Париз. Новите датуми на „Тур де Франс“ се официјализирани од Меѓународната унија за велосипедизам. Првичниот календар […]

МЗТ Скопје нема да користи субвенции и донира 100.000 денари за борбата со корона вирусот


Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром нема да ги користи субвенциите предвидени за финансиска поддршка на спортисти, спортски работници и спортска администрација за време на вонредна состојба, со цел тие средства да останат во буџетот и да бидат употребени на подобар начин во борбата коронавирусот. – Нашиот клуб, воедно, на конкретен начин се приклучи на […]

Двајца специјалисти и четворица здравствени работници од болницата во Штип болни од ковид-19


Вкупно шест здравствени работници од штипската Клиничка болница се позитивни на Ковид-19, меѓу кои и доктор специјалист – инфектолог. Една медицинска сестра од Одделението за ортопедија на штипската Клиничка болница е позитивна на Ковид-19, по што уште тројца здравствени работници од ова одделение се во изолација. Ова го потврди директорот на болницата, Ален Георгијев. – […]

Пензионерите бараат еден час помалку „затвор“


Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ги поддржува и почитува сите мерки што ги презема Владата за заштита од коронавирусот, но предлага да се продолжи времето на пензионерите, кога ќе можат да излегуваат во текот на денот, за уште еден час. Според Здружението, мерката пензионерите во текот на денот да имаат на располагање само […]

Обраќање на амбасадорката на САД до македонската јавност


Уверена сум дека од ова искуство ќе излеземе посилни, нашето партнерство ќе биде сѐ подлабоко, вели амбасадорката Кејт Брнс   Амбасадорката на САД, Кејт Брнс, се обрати на јавноста со отворено писмо  во кое се осврнува на епидемијата со корона вирусот и помошта на САД за нашата земја. Во писмото стои: „Овде во Европа, во […]

Амбасадата на САД донираше заштитна медицинска опрема


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјава и министерот за здравство, Венко Филипче денеска во присуство на амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз ја примија донацијата од САД за нашата земја, која се состои од заштитна медицинска опрема за […]

Филипче: Засега успешно го менаџираме текот на епидемијата


Засега успешно го менаџираме текот на епидемијата. Со линеарен раст на новопотврдени позитивни пациенти на Ковид-19, успеваме да го амортизираме здравствениот систем и да ги оптимизираме болничките капацитети и медицинскиот персонал, истакнал министерот за здравство Венко Филипче на видео конференцијата со амбасадорите на земјите членки на Европската унија. На видеоконференцијата на која присуствувал и шефот […]

Се ближиме до бројка од 1.000 заразени, нови 66 , еден починат


Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови: – Скопје-10 – Куманово-27 – Штип-3 – Прилеп-4 – Тетово-5 – Струга-4 – Велес-2 – Охрид-5 – Гостивар-1 […]

Групацијата Штаермеркише Шпаркасе донираше 110.000 евра за здравството


 – Групацијата Штаермеркише Шпаркасе, претставена во нашата држава преку двете локални банки Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија, во знак на поддршка на напорите за надминување на последиците од коронавирусот, заеднички ќе донираат средства за поддршка на различни сегменти од здравствениот систем во вкупен износ од 110.000 евра. Како што соопшти денеска Охридската банка, својата […]

Кризниот штаб при Стопанската комора одговорил на повеќе од 2.500 повици на компаниите


Вработените во Стопанската комора на Македонија и Кризниот штаб при Комората одговорија на околу 2.500 прашања од компаниите во периодот од 25 март наваму од кои најголем дел се однесуваат на детали околу дозволите што ги издаваат работодавачите за движење на нивни вработени поради вршење на сменска и ноќна работа, информираат од Комората. -Од досегашната […]

Владата ќе го разгледа барањето за 14-дневен карантин во Куманово


Владата ќе го разгледа барањето на Општина Куманово за воведување на 14-дневен карантин во градот поради брзото ширење на корона вирусот. Ова го навести техничкиот премиер Оливер Спасовски при денешната посета во Куманово. Тој исто така  извести дека е во тек тестирање на здравствениот персонал во кумановската болница, каде што досега се потврдени 44 медицински […]