Масовно се трујат кучињата за време на полициски час


Здружението за унапредување и заштита на благосостојбата на животните „Дејзи Фемили“ извести дека во последниов период, поконкретно откако стапи на сила полициски час на територијат, забележан е зголемен број труења на бездомни животни, но и на кучиња со сопственици. Се работи за расфрлање на отровот Метомил попознат како „Ланате“, на повеќе јавни површини во повеќе реони низ […]

Инспекторите не може да земаат примероци за присуство на корона вирус во супермаркетите


Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема ингеренции за земање брисеви од супермаркетите. Единствената превенција е личната свесност и одговорност на граѓаните, а дел од одговорноста е на правните субјекти кои стопанисуваат со објектите, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова. Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, Сотирова апелираше […]

Словенија почнува масовно тестирање


Словенечката Влада објави дека дополнително ќе го интензивира тестирањето за коронавирусот бидејќи сака да добие реална слика за тоа колку граѓани се инфицирани. Дополнителните тестирања ќе се направат во сите региони на државата и ќе бидат опфатени сите старосни категории граѓани. При изборот на лицата кои ќе се тестираат нема да биде важно во каква […]

Кошаркарскиот клуб МЗТ се откажа од субвенциите за да има пари за епидемијата


Кошаркарски клуб МЗТ Скопје, како донација за борбата против Ковид-19 и како дел од инцијативата #СпортиститеПротивКороната, реши да се откаже од субвенциите од државата. Целта е тие пари да бидат  искористени за елиминирање на заедничкото зло. Клубот упати апел и до сите други да помогнат во справувањето со епидемијата.

Приходите во Буџетот помали за 12 отсто во однос на март лани, во однос на планот за 24 отсто


Во март годинава за 12,28 отсто се намалени приходите во Буџетот во споредба со истиот месец од 2019 година, а во однос на планот намалувањето е 24 проценти, при што најголем пад од 16,85 отсто има кај ДДВ, падот кај данокот на добивка е 10,78 отсто, додека најмал пад од само 1,11 отсто има кај […]

Анализа: Ковид 19 катастрофален за феминизмот, жените се во подредена улога


Ковид 19 е катастрофален за феминизмот. Целопкупното јакнење на жените за нивно подеднакво вклучување во општествените, економски и политички текови, споделените обврски и улога со мажите во семејството, домот и општеството се намалуваат и можат да исчезнат во текот на кризата. Откако се воведени мерките, во државата владее доминација на родовиот стереотип дека улогата на […]

Самитот ЕУ – Западен Балкан не се одложува


Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, на денешната прес-конференција во Брисел информираше дека Самитот ЕУ-Западен Балкан кој требаше да се одржи во мај не се откажува. -Планираме во наредните недели да го одржиме самитот во форма на видео-конференција, по консултации со хрватското претседателство, за да и дадеме поттик на соработката со регионот, изјави Мишел. Мишел […]

Со 15.000 евра казнети тројцата затекнати надвор во Сингелиќ во полициски час


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје. -Обвинетите на 13 април околу 22 часот, во скопско Сингелиќ биле затекнати надвор од нивните домови, без да поседуваат дозвола за движење, со […]

Стопанските комори ќе истражуваат како да се добие битката со корона кризата


Со цел утврдување на состојбите во приватниот сектор предизвикани од кризата со корона вирусот и можните мерки за излез од економскиот застој, Стопанските комори изработија анкетен прашалник за претставниците на бизнис секторот. Целта на прашалникот, како што наведуваат од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ преку кој ќе се спроведе истражувањето, е да се добијат […]

ГАК: Починати пет предвремено родени бебиња, мајка ги изгуби сите три


Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје информира дека во последните седмици е зголемен бројот на предвремени породувања. Од 9 до 13 април починале пет предвремено родени бебиња. Од ГАК апелираат родилките и во периодот на справување со Ковид-19, смирено и без паника да се подготвуваат за среќен исход од бременоста. Доколку им треба психолошка поддршка […]

Нов пакет на мерки за друштвата за осигурување за олеснување на работата


Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ослободи 30 милиони евра ликвидни средства со цел друштвата за осигурување да можат да ги употребат за тековно работење во услови на вонредна состојба, кога се соочуваат со намалување на продажбата на осигурителни полиси. Со ослободување на 10 отсто од резервите, друштвата добиваат 1,8 милијарди денари ликвидни средства чија […]

Спасовски: Црквите не ги затвораме, но останете дома за Велигден


Преемиерот Оливер Спасовски апелира да се почитуваат мерките, да нема групирања и да останеме на социјална дистанца и за Велигденските празници, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе донесат одлука за затворање на црквите за Велигден. – Упатив порака пред неколку дена велигденските празници да ги прославиме дома во кругот на нашите семејства и традиција. Немаме […]

Во Грција изречени казни од над шест милиони евра за прекршување на ограничувањето за движење


Грција – Од казните за несовесните граѓани за прекршување на мерките за забрана на движењето, грчката полиција, заклучно со вчера изрекла казни во висина од над шест милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Согласно податоците од полицијата, од почетокот на забраната, заклучно со вчера, за непотребно и неоправдано излегување и движење биле казнети 40.034 […]

Јавните претпријатија ги водат неискусни директори


Дури 17 отсто од директорите на јавни претпријатија немаат никакво искуство во работата,  а искуство од една до три години имаат само 8 отсто од директорите, покажува анализата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).   Според оваа анализа, најголемиот недостаток кој се забележува кај раководните структури на јавните претпријатија е немањето соодветно […]

СЗО и ФАО: Вработените во прехранбената индустрија да користат заштитна опрема


Вработените во компаниите што работат со храна, а не се чувствуваат добро или имаат симптоми на коронавирус, не треба да одат на работа, препорачуваат од Светската здравствена организација и Организација за земјоделство и храна во Водичот за КОВИД 19 и безбедност на храната наменет за компаниите. Препораката на СЗО и ФАО е вработените во прехранбената […]

Казни од две илјади евра за 19 лица од Скопје, го прекршиле полицискиот час


Основното јавно обвинителство Скопје денеска со Основниот кривичен суд Скопје поднесе 18 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на, соопштија од ОЈО Скопје. Сите обвинети како што известија од Обвинителство не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен […]

Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за март, април и мај


Правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам и транспорт и други обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од коронавирусот ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година, најави денека […]

Петок неработен за граѓаните од православна вероисповед, понеделник за сите


Министерството за труд и социјална политика  соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 17 април, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија е 20 април, понеделник, Велигден, […]

Уставниот суд не поведе постапка за распуштањето на Парламентот


Уставниот суд  одлучи да не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија. Од Уставниот суд информират дека денеска на седница по обемна расправа по предметот на крајот со мнозинство гласови е одлучено да не се поведе постапка за оценка на уставноста на Одлуката за […]

В петок времен сообраќаен режим на дел од Пластичарска улица 


Градот Скопје известува дека поради изведување градежни работи за асфалтирање на булеварот Никола Карев (познатата Пластичарска улица), на 17.04.2020 година (петок) комплетно ќе биде затворен за сообраќај дел од неговиот коловоз, на потегот од крстосницата со улицата Македонско-косовска бригада до крстосницата со улицата Самоилова, во периодот од 8:00 часот до 00:00 часот. Додека траат градежните […]